FRONT-END ПРОГРАМИРАЊЕ
+ ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

Сакате дa работите како програмер во Германија? 

Изберете ја најдобрата комбинација – Изучување на Front end програмирање и Германски јазик за работа во ИТ сектор.  

Обуката е наменета за почетници во областа програмирањето, како и со или без минимално познавање на германски јазик. 

 

Обуката за Front-End програмирање се изведува по верифицирана програма од страна на Мин. за образование и наука, како и Центарот за образование на возрасни Скопје. 

Оваа обука вклучува изучување на најпознатите технологии за креирање на код за делот од веб страните и софтверските апликации кој е видлив за посетителите односно корисниците. Изучување на програмски јазици за кодирање на апликации, вклучувајќи визуелни елементи како што се мени ленти, најразлични копчиња за акција и целокупен распоред  и дизајн на веб страни или веб апликации.

Технологии што се изучуваат во оваа обука се: 

  • HTML
  • Bootstrap 5
  • AngularJS
  • JSON
  • CSS
  • SCSS
  • JavaScript
  • JQuery
  • React 
  • AJAX
  • GIT

 

Обуката е практична и изобилува со изработка на повеќе практични проекти, односно по завршувањето на обуката студентот ќе има изработено повеќе комплетно фукционални апликации.

Сертификатот што се добива од оваа обука е валиден и признаен во нашата земја, и во сите Европски земји. 

Обуката за германски јазик е наменета за почетници и за луѓе кои сакаат да работат и живеат во Германија, со посебен фокус за работа во ИТ индустрија. 

Обуката за изучување на Германски јазик вклучува: 

  • Основно ниво на разбирање на германски јазик
  • Употреба на познати секојдневни изрази и зборови
  • Претставување и основна конверзација 
  • Поими и изрази за работа во ИТ сектор 
  • Реализација на интервју 
  • Размена на информации за различни ситуации

За поминатата обука за германски јазик се добива сертификат за познавање на германски јазик според степенот после извршено тестирање.  

Воедно, со учество и завршување на оваа обука, нудиме и поврзување со германски ИТ компании и директни препораки за студенти кои сакаат да живеат и работат во Германија.  

Времетраење на обуката 4 и пол месеци.

Реализација на обуката може да биде со физичко присуство во Битола, или пак онлајн. 

Часовите за програмирање се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа. 

Часовите за германски јазик се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа. 

 

Цена: 64.000 денари

Плаќањето може да биде на 4 рати. 

За плаќање во готово, на цената за обуката добивате 10% попуст. 

Отворенa групa со почеток на:

  • 10.07.2022г.
 
  • Не пропуштајте  ја оваа можност!