Јуниор школа за програмирање

C++ е еден од најпопуларните компјутерски програмски јазици во светот. Се користи за развој на многу работи, од забавни видео игри до големи оперативни системи.

Никогаш не е прерано да започнете со изучување на програмските јазици!

Програмскиот јазик C++ отвора сосема нов свет за децата. Од изработка на веб страни до развој на игри.

Учењето на оваа џуниор школа ќе го подготви ученикот за успешна кариера во иднината!

C++ е моќен програмски јазик за општа намена. Може да се користи за развој на оперативни системи, пребарувачи, игри и тн.
C++ поддржува различни начини на програмирање како процедурално, објектно – ориентирано, функционално итн. Ова го прави C++ моќен, но и флексибилен.

Во текот на целата обука се работи на практични примери и проекти преку кои ученикот чекор по чекор ќе научи да програмира во овој програмски јазик.

За деца од основно и средно образование. 

Времетраење: 4 месеци.

Почеток на обуката: 15 септември 2022 год. 

Број на часови: Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 60 минути.

Цена: 4.000 денари месечно.

Можности за реализација на обуката: во училница во Битола, или онлајн.