Јавен Адвертајзинг

Џуниор Школа за Програмирање

 Џуниор школа за веб програмирање (основно ниво), наменета за деца од основно образование односно од 8 до 14 години. 

  • Времетраење

    4 месеци

  • Часови

    2 пати неделно по 60 мин.

  • Почеток

    1ви февруари 2024 година

  • Одржување

    Битола или онлајн

  • Цена

    3.000 денари месечно

Информации за Џуниор Школа за Веб Програмирање:

Школата за веб програмирање е наменета за деца кои покажуваат интерес кон компјутерските науки и сакаат да го насочат своето образование кон таа област. 

Бидејќи живееме во дигитална ера, изучувањето на програмирањето ќе им помогне на децата многу полесно да ги користат дигиталните медиуми и платформи, но и да се насочат кон понатамошното образование од областа на информатичките технологии.

Програмата на оваа обука е специјално дизајнирана за деца кои веќе имаат познавање со работа на компјутери, и истата се однесува на изучување програмирање на дизајн односно изглед на веб страна, како и програмирање на фукционалноста на веб страните, во стручната литература познато како front-end и back-end програмирање.

Во текот на 4 месечната школа ученикот работи постојано на практични примери и како резултат на тоа, на крајот од школата ќе има изработено своја веб страна.

Технологии кои ќе се изучуваат:

 HTML, CSS, SCSS
 Bootstrap
 JavaScript
 Typescript
 jQuery 
 My SQL
 PHP
 Објектно ориентирано програмирање
 Smarty PHP

Предности:

Развој на компјутерски вештини
Развој на логичко размислување
Развој на тимски вештини

Што друго се добива од оваа Обука?

Обуката е достапна на македонски и на албански јазик!

После завршување на Џуниор школата (основно ниво), ученикот има можност да продолжи на следниве напредни нивоа на програмирање:

II ниво – Изучување на JavaScript напредно ниво

III  ниво – Изучување на Boostrap 

IV ниво – Изучување на WordPress 

V ниво – Изучување на PHP програмски јазик 

Учесниците на Обука имаат ексклузивен пристап до заедницата на предавачи и учесници, каде што сите заедно ќе разменувате знаења и информации и секогаш ќе бидете во тек со новостите од областа што сте ги научиле

Scroll to Top