Front-End Developer

Академијата за Front-End Developer е Акредитирана Академија од Министерство за образование и наука.

Академијата е во времетраење од 2 семестри, односно 8 месеци. 

 

Оваа Академија опфаќа изучување на најпознатите технологии за креирање на код за делот од веб страните и софтверските апликации кој е видлив за посетителите односно корисниците.

Тој дел претставува дизајн на апликациите, и е составен од слики, текст, останата содржина и мултимедијални материјали, копчиња, линкови и други елементи за современ и функционален изглед на апликациите во различните пребарувачи.

Академијата е составена од теоретски и практичен дел, со посебен фокус на практична работа со изработка на повеќе реални проекти, односно по завршувањето на Академијата студентот ќе има изработено повеќе комплетно фукционални апликации со различни технологии за Front end програмирање. 

Со изучување на многу различни технологии за Front end програмирање, студентот станува повеќе конкурентен на пазарот на труд и е побаруван од страна на софтверските компании. 

Технологии кои се изучуваат во оваа Академија се:

  • HTML
  • CSS
  • SCSS
  • Bootstrap
  • GIT
  • Java Script
  • JSON
  • Angular
  • jQuery
  • AJAX
  • React

После завршувањето на Академијата, студентот ќе биде целосно оспособен да работи како Front-End програмер и веднаш да се прилагоди во работна средина.  

Студентот добива сертификат по завршување на обуката, признаен во нашата земја, но и интернационално.  

 

Оваа Академија е наменета за почетници и не е потребно предзнаење од областа. 

 

 

Академијата за Front-End Developer е наменета за сите оние кои сакаат да започнат кариера во ИТ индустријата, оние кои сакаат да се преквалификуваат или да вложат во својот кариерен развој. 

После завршување на Академијата, студентите се препорачуваат за вработување или пракса во локални и интернационални ИТ компании. 

 

Академијата трае 8 месеци, односно вкупно 192 часа. Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 3 часа. 

Цена: 68.000 денари

 

 

Плаќањето може да биде на 8 месечни рати по 8.500 денари. 

 

 

За целосна уплата, цената на Академијата е со 10% попуст.  

За ран упис и целосна уплата до 1ви септември, цената на Академијата е со 20% попуст. 

 

 

 

 

Локација: Битола или онлајн во софтвер за онлајн учење.

 

Почеток на обуката: 1 октомври 2022 г.