Front-End Developer

Академијата за Front-End Developer опфаќа изучување на најпознатите технологии за креирање на код за делот од веб страните и софтверските апликации кој е видлив за посетителите односно корисниците. 

Тој дел претставува дизајн на апликациите, и е составен од слики, текст, останата содржина и мултимедијални материјали, копчиња, линкови и други елементи за современ и функционален изглед на апликациите во различните пребарувачи.

 

Програмата е практична и изобилува со изработка на повеќе практични проекти, односно по завршувањето на обуката студентот ќе има изработено повеќе комплетно фукционални апликакации.

Технологии кои се изучуваат во оваа програма се:

  • HTML
  • Bootstrap 4
  • AngularJS
  • JSON
  • CSS
  • SCSS
  • JavaScript

После завршувањето на обуката студентот ќе биде целосно оспособен да работи како Front-End Developer и веднаш да се прилагоди во работна средина.  

Студентот добива сертификат по завршување на обуката. 

Оваа обука е наменета за почетници и не е потребно предзнаење од областа. 

 

Обуката за Front-End Developer е наменета за сите оние кои сакаат да започнат кариера во ИТ индустријата, оние кои сакаат да се преквалификуваат или да вложат во својот кариерен развој. 

 

Академијата трае 4 месеци, односно вкупно 72 часа. 

Цена: 24.000 денари

Плаќањето може да биде на 4 месечни рати. 

За целосна уплата, цената на Академијата е со 10% попуст.  

 

Локација: Битола или онлајн во софтвер за онлајн учење.

Почеток на обуката: 1 февруари 2022 г.