Академија за Дигитален маркетинг и SEO

Бидете дел од 3 месечната академија за дигитален маркетинг и SEO.

Научете ги најновите трендови од дигиталниот маркетинг и добијте можност за вработување во локални ИТ компании, но и во компании од други области кои имаат маркетинг сектор во своето работење.

Освен потенцијално вработување, преку Академијата за дигитален маркетинг и SEO ќе добиете знаење за започнување на сопствен бизнис и креирање на успешна маркетинг стратегија за истиот, или пак унапредување на Вашата сегашна работна позиција и кариерен развој.

Во текот на Академијата работите на реални проекти и практични примери преку кои ќе станете дигителен маркетер кој ќе знае да решава и да се справува со различни бизнис проблеми и ситуации.

 

Преку Академијата за дигитален маркетинг и SEO, ќе ги научите основите на маркетингот, ќе добиете знаење за најпознатите канали за дигитален маркетинг и основите за веб дизајн, какои сите клучни аспекти за креирање на веб страна според последните трендови на пазарот. Воедно, ќе научите како да генерирате нови потенцијални клиенти и самостојно да водите различни видови на маркетинг кампањи.  

После завршувањето на Академијата добивате сертификат на македонски и на англиски јазик.

 

Вкупно часови: 48.

Цената е 300 евра, и плаќањето може да биде и на рати. 

Следната Академија за дигитален маркетинг и SEO почнува во април 2020 год. 

 

Локација: Битола и Охрид 

Што изучувате во текот на целата Академија?

  • Разбирање на е-бизнис и е-трговија
  • Правила за водење на е-трговија во нашата земја и странство
  • Генерирање на лидови и нивно конвертирање во продажба, начини, методи и канали
  • Водење на веб аналитика, генерирање на код за пратење за аналитика, работа во платформа за следење на посети на веб сајт, креирање на извештаи
  • Оптимизација на веб сајтови или on-site оптимизација, активности и начини кои може да се направат на веб сајтовите со цел да се подигне рејтингот на сајтот при пребарување во интернет пребарувачите
  • Рекламирање на пребарувачи односно off-site оптимизација, принципи и користење на Google Ads и Bing Ads
  • Кампањи за е-маил маркетинг и сервиси за емаил-маркетинг
  • Креирање и водење на кампањи на социјални медиуми: facebook, twitter, linkedin
  • Блогирање и креирање на платформа за блог, правила за водење на успешен блог

За кој наменета оваа академија?

  • Студенти (завршени или во тек) кои сакаат да добијат добра платена работа
  • Вработени кои сакаат да започнат нова кариера од областа на маркетингот
  • Сите оние кои сакаат да започнат свој бизнис и успешно да го промовираат
  • Маркетинг менаџери кои имаат потреба од дополнително знаење и сакаат да напредуваат во својата кариера
  • Сите оние кои сакаат да вложуваат во својот кариерен развој и да бидат во тек со последните трендови на пазарот.