Академија за графички и веб дизајн

Оваа програма е наменета за сите оние кои што сакаат да дизајнираат и изработуваат веб страни, но да научат и да дизајнираат најразлични креативи со најпознатите платформи за изработка на дизајн.   

Во првиот дел на оваа Академија се изучува креирање на логоа, слики, брушури, каталози, обработка на слики, но исто така и креирање на дизајн на веб страна со користење на платформите Adobe Photoshop и Adobe Illustrator. 

Во вториот дел од обуката се изучува креирање на веб страна со користење на WordPress, и тоа преку креирање на целосна структура на веб страна и нејзина оптимизација, креирање на контакт форми, поставување на различни јазици на веб страна, поврзување со социјални медиуми, како и тестирање на истата. 

 

После завршувањето на Академијата студентот ќе биде оспособен самостојно да креира функционални веб страни работени со WordPress, но и да креира најразлични дизајни за веб страни, но и дизајни за најразлични креативи.  

 

Во текот на целата обука студентите ќе работат на практични проекти преку кои ќе ги усовршуваат нивните вештини и ќе можат лесно да се прилагодат на новата работна позиција како веб и графички дизајнер.  

 

 

После завршувањето на Академијата студентите добиваат сертификат на македонски и англиски јазик.   

Времетраење: 4 месеци 

Број на часови: 64 часа, 2 пати неделно по 2 часа. 

Локација: Охрид. Часовите ќе се реализираат во училница.

Цена: 400 евра, може да се плати и на 4 месечни рати по 100 евра. 

 

Почеток: 2 ноември 2020г.

 

Технологии и платформи кои што ќе се изучуваат:

 

  • Adobe Photoshop 
  • Adobe Illustrator 
  • WordPress

     

Програма на обуката: 

1. ПРВ ДЕЛ GRAPHIC DESIGN 

1.1. Час 1,2 – ВОВЕД ВО ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН и теорија на бои 

1.2. Час 3,4 – Вовед во апликативен софтвер за графички дизајн и Основни параметри на графички величини 

1.3. Час 5,6 – Adobe Photoshop – Запознавање на работна околина 

1.4. Час 7,8 – Основни корекции 

1.5. Час 9,10 – Креирање и едитирање на селекции / работа со слоеви 

1.6. Час 11,12 – Брзи поправки 

1.7. Час 13,14 – Маски и канали

1.8. Час 15,16 – Типографија

1.9. Час 17,18 – Adobe Illustrator Запознава њ е со работната околина

1.10. Час 19,20 – Селекции 

1.11. Час 2 1,22 – Цртање на форми

1.12. Час 23,24 – Едитирање и комбинирање на форми и патеки

1.13. Час 25,26 – Трансформирање

1.14. Час 27,28 – Цртање со Pen Tool

1.15. Час 29,30 – Бoење

1.16. Час 31,32 – Типографија

 

 

2. ВТОР ДЕЛ WEB DESIGN (WORDPRESS) 

2.1. Час 33,34 – Инсталирање на локална WordPress сервер околина и вовед во WordPress 

2.2. Час 35,36 – WordPress dashboard 

2.3. Час 37,38 – Додавање корисници 

2.4. Час 39,40 – Инсталирање на тема 

2.5. Час 41,42 – Поставување и интегрирање на слики 

2.6. Час 43,44 – Плагини односно додатоци на веб сајт 1 дел 

2.7. Час 45,46 – Плагини односно додатоци на веб сајт 2 дел 

2.8. Час 47,48 – Плагини односно додатоци на веб сајт 3 дел 

2.9. Час 49,50 – Плагини односно додатоци на веб сајт 4 дел 

2.10. Час 51,52 – Структура на веб сајт (веб страници) 

2.11. Час 53,54 – Структура на веб сајт (мени и промена на мени) 

2.12. Час 55,56 – Поставување на нови јазици (превод на веб сајт) 

2.13. Час 57,58 – Контакт форма 

2.14. Час 59,60 – Интегрирање со социјални мрежи 

2.15. Час 61,62 – Оптимизација на веб страна 

2.16. Час 63,64 – Тестирање на поставен веб сајт