Бизнис обуки
Бизнис обуки за секој вид на бизнис. Без разлика на големината на компанијата, бројот на вработени или дејноста на компанијата, обучувањето на кадрите е од големо значење.
Дигитализирајте го Вашето работење и вложете во Вашата компанија, преку обучување на Вашиот кадар.
Кадарите во компаниите од различните сектори имаат потреба од дополнително знаење се со цел олеснување на својата работа.
Преку дигитализација на работењето на Вашите вработени, задачите коишто се доделени се извршуваат за многу пократок рок.
Во текот на обуките се работи со голем број вежби, се со цел да се совлада материјалот полесно и побрзо.
После завршувањето на обуката студентот добива сертификат кој е признат во земјата и во странство.
Времетраење на секоја обука е 1 месец. Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа.
Цена на обуките по учесник е 5.000 ден. Доколку се обуките за тимови (4 членови и повеќе) цената е со попуст.
ОБУКИ
Преку обуката за проектен менаџмент, Вашите вработени ќе добијат можност да изучат како успешно да управуваат со проекти со користење на најпознатите методологии за управување со проекти како што се Agile & Scrum.
Проектите се главен дел на една компанија, па затоа треба правилно да се управува со секој дел од еден проект. Исто така доделувањето на задачи, припремата на извештаи, договарање на состаноци, може да се олесни.
Програма:
- Основи на менаџмент
- Однови на проектен менаџмент
- Agile методологија
- Waterfall методологија
- Scrum рамка на Agile методологијата
- Slack
- Trello
Маркетингот е клучна алка на една компанија. Со дигитализацијата традиционалниот маркетинг преминува во дигитален маркетинг и неговата употреба е од големо значење за една компанија. Преку правилно креирање на кампањи и водење на дигитален маркетинг, се зголемува можноста за привлекување на повеќе потенцијални потрошувачи и зголемување на работата на компанијата.
Програма:
- Е-бизнис
- Е-трговија
- Генерирање лидови
- On/Off site оптимизација и зголемување на рејтингот на веб страните
- Рекламирање на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, LinkedIn)
- Блогирање
- Content marketing / Copywriting
Секоја работна позиција започнува со работа во MS Office пакетот. Познавање на овај пакет го олеснува работењето на сите вработени без разлика на нивната позиција во компанијата. Изработка и припрема на различни видови на документи, договори, извештаи или презентации се од големо значење за секоја компанја и затоа секој вработен треба да има познавање од овој пакет.
Програма:
- Основи на Microsoft Word
- Основи на Microsoft Excel
- Основи на Microsoft Powerpoint
- Користење на Gmail account
- Интернет
Голем број на компании имаат потреба од различни видови на извештаи. Пресметки на периоди, производи, фактури, табели, графици се само составен дел на компаниите. Преку обуката за напреден Excel вработените ќе ги изучат сите функции и операции за правилно пресметување и правилна припрема на различни видови на извештаи.
Програма:
- Основно, напредно и костумизирано сортирање
- Визуелно претставување на податоци во вид на графикони и дијаграми
- Распоредување на податоци по колони
- Data validation
- Заштита на ќели, работни листови и документи
- Conditional Formatting, Linking Data, IF Functions, Nesting Functions, Формули со датуми, Текстуални формули, VLOOKUP, HLOOKUP
- Консолидација на податоци
- Solver tool
- Scenario Manager