
Data Scientist е една од најперспективните и најплатените професии, со огромна побарувачка во земјата и странство и тоа не само во ИТ компаниите, туку и во компании од различни сфери кои располагаат со голем број на податоци.
Оваа професија овозможува управување со големи бази на податоци во различни бизнис сектори како што се финансии, банкарство, осигурување, транспорт и логистика, фармација, здравство итн.
Во денешно време скоро сите бизниси располагаат со големи количини на податоци кои се сместени во одредени системи за управување со бази на податоци. Без постоење на ваквите складишта на податоци, бизнисите не би можеле да ги извршуваат своите секојдневни активности, да генерираат различни извештаи и истите да ги користат за донесуваат соодветни одлуки.
Затоа на сите компании без разлика во која сфера делуваат, им се потребен добро обучени кадри кои ќе знаат да ги дизајнираат и креираат базите на податоци, да ги поврзуваат, да прават визуелизација од истите, и се разбира да ги обработуваат според различните потреби.
Програмата која се нуди во оваа обука овозможува оспособување на студентот самостојно да креира бази на податоци, да управува со веќе креираните бази на податоци и истите да ги обработува, но и да прави анализи и визуелизација со достапните податоци.
Студентот ќе работи и на практичен и реален проект со цел вклучување на сите елементи од оваа обука и нивно поврзување.
Што вкучува програмата:
- MySQL(Relational databases, Stored Procedure, Functions, Triggers)
- Neo4J (Бази на податоци со графички приказ)
- Neo4J (Cypher, Apoc Library, Neo4J Bloom, Neo4J ETL, Graph Algoritham)
- NoSQL (MongoDB)
- PostgreSQL (open source database)
- Python (OOP, PyMongo,MySQL)
- Python – интерпретиран и на високо ниво програмски јазик; поврзување со податочни структури, визуелизација на податоци, преземање на податоци, обработка и анализа преку примена на различни методологии.
- Конвертирање на податоци од MySQL во (JSON,XML,CSV) фајлови
- Python(numpy, Matplotlib) – визуализација на податоци од Mongo, MySQL во ANACONDA.
- Power BI (визуализација на податоци од JSON, XML, CSV files)
Времетраење: 5 месеци, односно вкупно 120 часа.
Локација: Битола или онлајн во Adobe Connect – софтвер за онлајн учење.
Цена: 40.000 денари
Плаќањето може да биде на 5 месечни рати.
Инвестирајте во вашата кариера
Контактирајте нè