Дел од нашите студенти

Од стоматолог до Web Developer!

Елена Стојчева – Web Developer

Поради желба за преквалификација а воедно и надоградба на знаењето, се одлучив да ја изучам обуката за веб програмирање. 

 

На Академијата изучив голем број на технологии и на крајот од обуката самостојно креирав еден цел проект за стоматолошка ординација. Проектот беше креиран со сите технологии кои што ги изучувавме во текот на Академијата и со целото знаење кое што го добив од таа обука. Поради моменталната ситуација со пандемијата предавањата се одржуваа онлајн, односно во софтвер за онлајн комуникација Adobe Connect. Предавањата се одвиваа исто како и во реална училница и можноста да го добиете целото знаење преку еден ваков софтвер е еднаква на можноста да го добиеш тоа знаење во училница. 

После завршувањето на оваа обука, продолжив да го надоградувам моето знаење на друга обука за Microsoft Excel. 

 

После завршувањето на обуките на сите студенти добивме бесплатна обука за фриленс работење, каде што ни беше објаснато како може да започнеме со градење на нашата кариера и како фриленсери.”

Сања Михајловска – Data Science

Нашата студентка Сања Михајловска ја изучува обуката Data Science. 

Обуката ја изучува во специјaлниот софтвер за онлајн учење Adobe Connect. 

Adobe Connect последните 5 години е секогаш на првите 5 места за најдобар софтвер за онлајн комуникација и учење. Поради тоа ние го избравме токму овај софтвер за одржување на нашите онлајн обуки. 

Сања е задоволна од обуката za Data Science и од начинот на изучување, преку софтверот на Adobe Connect па одлучи да ги сподели нејзините впечатоци.

 

“За потребите на мојата магистерска на смер Actual Science во Словенија, треба да имам опфатено обработка на голема база на податоци.

Решив да се запишам на обуката за Data Science во Јавен Адвертајзинг за да ги усовршам моето знаење и моите ИТ вештини. 

Кога се случи ситуацијата во нашата земја, онлајн предавањата претставуваа проблем за одредени установи. Искрено овој начин на учење е многу понапреден во другите земји и се користи секојдневно, но во нашата земја сеуште е ново и непознато.

Јавен Адвертајзинг имаат одлично решение за онлајн учење и платформата што ја користат е една од најдобрите платформи за онлајн учење. 

Јас сум многу задоволна од програмата на обуката и од платформата преку која ние ја изучуваме обуката. Исто така сум задоволна и од Јавен Адвертајзинг за наоѓање на брзо решение за онлајн учење, да не се изгуби ниту еден час. Сите студенти добивме еден дополнителен час за да ни биде објаснато како се користи софтверот пред да продожиме со предавањата.”

Елена Цветаноска – Дигитален маркетер

Нашата студентка Елена Цветаноска од Охрид сподели свое мислење во врска со дигиталниот маркетинг како професија и обуката во Јавен Адвертајзинг.

Дигиталниот маркетинг е алатка која е неопходна во денешно време за компаниите, затоа што тоа како ќе се претставиме онлајн има огромно значење. 

Ако сте сопственик на бизнис, една од најкорисните алатки со кои може да го напреднете бизнисот во денешно време е дигиталниот маркетинг кој неопходен дел од стратегиите на успешните фирми. 

Обуката за дигитален маркетинг е одличен начин да се запознаете со оваа област и да ја започнете Вашата кариера во оваа областа на маркетингот. Дигиталниот маркетинг е одличен избор за Вас ако сакате да го промените правецот на Вашата кариера. Нуди безброј можности за remote и freelance работење. 

Јас одлучив да ја започнам обуката затоа што препознав колку е важно секој човек да има познавања во оваа област без разлика на тоа дали е сопственик на бизнис, студент или некој кој сака да ја промени својата професија.

Задоволна сум од обуката бидејќи дознав за тоа зошто се социјалните мрежи важни и како да ги користиме, создавање кампањи, водење е-бизнис и многу друго..

Оваа обука би ја препорачала секому бидејќи е наменета за почетници, а почетниците ги претвора во луѓе подготвени да го применат знаењето за дигиталниот маркетинг во секојдневието.”

Од правник до програмер!

Емилија АцескаWeb developer

Нашата студентка Емилија го сподели своето искуство за обуките кои што ги изучуваше и ни кажа како од магистер по кривично право стигна до програмер.

“ Изборот не беше лесен. Најпрво започнав со разгледување на академии и обуки кои се нудат кај нас, дел од нив се за: дигитален маркетинг, програмирање, софтвер тестер, графички дизајн итн. Според мене ваквите академии и обуки се многу добри, особено за оние кои сакаат да се преквалификуваат, да ги обноваат своите знаења или едноставно да научат нешто ново.

За почеток одбрав Веб програмирање!

Поради случувањата со Covid-19 предавањата ги одржувавме онлајн во специјален софтвер наменет за онлајн настава (Adobe Connect). Искрено на почетокот бев скептична за онлајн наставата. Но верувајте исто е како да си во училница, “табла“ ти е мониторот и дома седиш во пижами.

Следно, сакав да го изучам WordPress подетално па се запишав на уште една кратка онлајн обука за WordPress developer. 

Откако ги завршив двете обуки имав желба да се надоградам уште повеќе па затоа си продолжив кај нив на уште една обука за PHP Junior Developer.

Многу е важно она што го работиш пред се да сакаш да го работиш, да те исполнува, да го работиш со многу љубов и посветеност и да се вложиш максимално. Така успехот е загарантиран”.