
Академијата за Дигитален маркетинг и SEO е по верифицирана и акредитирана програма од Министерството за образование и наука и Центарот за образование на возрасните.
Изучување на најновите трендови на дигиталниот маркетинг и оптимизација на веб страни (Off site & On site SEO).
Користење на голем број на платформи кои ќе им помогнат на студентите да ги совладаат сите вештини за креирање успешни маркетинг стратегии, креирање на креативи, одредување на таргет групите, креирање на успешни маркетинг кампањи, креирање на оптимизација на веб страните, Google Analytics, Google Ads, Bign Ads, како и креирање на потполно функционални веб страни и ажурирање на истите, според барања на клиентите.
Во текот на целата Академија, студентите работат на голем број на практични проекти кои им помагаат да ги совладаат нивните вештини. Работата на реални практични проекти им помага на студентите веднаш после завршувањето на Академијата брзо и лесно да се прилагодат на нова работна позиција.
Со оваа Академија се откриваат сите канали за маркетинг и како да се стигне до истите. Исто така креирањето на веб страна која е потполно функционална е една од најважните делови за секој бизнис.
Академијата е наменета за сите возрасти и не се потребни никакви предзнаења.
После завршувањето на Академијата добивате сертификат кој е валиден во земјата и во странство.
Што изучувате во текот на целата Академија?
- Разбирање на е-бизнис и е-трговија
- Правила за водење на е-трговија во нашата земја и странство
- Генерирање на лидови и нивно конвертирање во продажба, начини, методи и канали
- Водење на веб аналитика, генерирање на код за пратење за аналитика, работа во платформа за следење на посети на веб сајт, креирање на извештаи – Google Analytics
- Оптимизација на веб сајтови или on-site оптимизација, активности и начини кои може да се направат на веб сајтовите со цел да се подигне рејтингот на сајтот при пребарување во интернет пребарувачите
- Рекламирање на пребарувачи односно off-site оптимизација, принципи и користење на Google Ads и Bing Ads
- Кампањи за е-маил маркетинг и сервиси за емаил-маркетинг, Mailchimp
- Креирање и водење на кампањи на социјални медиуми: Facebook, Instagram, LinkedIn
- Блогирање и креирање на платформа за блог, правила за водење на успешен блог
- Инсталирање на локална WordPress сервер околина и вовед во WordPress
- WordPress dashboard
- Инсталирање на тема
- Поставување и интегрирање на слики
- Плагини односно додатоци на веб страна
- Додавање корисници
- Структура на веб страна
- Контакт форма
- Интегрирање со социјални мрежи
- Оптимизација на веб страна
Вкупно часови: Времетраење 4 и пол месеци.
Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа од 45 мин.
Цена: 32.000 денари
Плаќањето може да биде на 4 месечни рати.
За целосна уплата, цената на Академијата е со 20% попуст.
Почеток на: 15 септември и 15ти ноември 2023г.
Реализација: со физичко присуство во Битола или онлајн.
Инвестирајте во вашата кариера
Контактирајте нè