Дигитален маркетинг и SEO
Бидете дел од Академијата за дигитален маркетинг и SEO
Научете ги најновите трендови од дигиталниот маркетинг и добијте можност за вработување во локални ИТ компании, но и во компании од други области кои имаат маркетинг сектор во своето работење.
Освен потенцијално вработување, преку Академијата за дигитален маркетинг и SEO ќе добиете знаење за започнување на сопствен бизнис и креирање на успешна маркетинг стратегија за истиот, или пак унапредување на Вашата сегашна работна позиција и кариерен развој.
Во текот на Академијата работите на реални проекти и практични примери преку кои ќе станете дигителен маркетер кој ќе знае да решава и да се справува со различни бизнис проблеми и ситуации.
Преку Академијата за дигитален маркетинг и SEO, ќе ги научите основите на маркетингот, ќе добиете знаење за најпознатите канали за дигитален маркетинг и основите за веб дизајн, какои сите клучни аспекти за креирање на веб страна според последните трендови на пазарот. Воедно, ќе научите како да генерирате нови потенцијални клиенти и самостојно да водите различни видови на маркетинг кампањи.
После завршувањето на Академијата добивате сертификат на македонски и на англиски јазик.
Вкупно часови: 60, времетраење 3 месеци.
Цена: 18.500 денари + ддв
Плаќањето може да биде на 3 месечни рати.
Локација: Битола и онлајн во Adobe Connect – софтвер за онлајн учење.
Почеток на обуката: 3 февруари 2021 г.
Што изучувате во текот на целата обука?
- Разбирање на е-бизнис и е-трговија
- Правила за водење на е-трговија во нашата земја и странство
- Генерирање на лидови и нивно конвертирање во продажба, начини, методи и канали
- Водење на веб аналитика, генерирање на код за пратење за аналитика, работа во платформа за следење на посети на веб сајт, креирање на извештаи
- Оптимизација на веб сајтови или on-site оптимизација, активности и начини кои може да се направат на веб сајтовите со цел да се подигне рејтингот на сајтот при пребарување во интернет пребарувачите
- Рекламирање на пребарувачи односно off-site оптимизација, принципи и користење на Google Ads и Bing Ads
- Кампањи за е-маил маркетинг и сервиси за емаил-маркетинг
- Креирање и водење на кампањи на социјални медиуми: Facebook, Instagram, Twitter, LinkedIn
- Блогирање и креирање на платформа за блог, правила за водење на успешен блог
За кој наменета оваа обука?
- Студенти (завршени или во тек) кои сакаат да добијат добра платена работа
- Вработени кои сакаат да започнат нова кариера од областа на маркетингот
- Сите оние кои сакаат да започнат свој бизнис и успешно да го промовираат
- Маркетинг менаџери кои имаат потреба од дополнително знаење и сакаат да напредуваат во својата кариера
- Сите оние кои сакаат да вложуваат во својот кариерен развој и да бидат во тек со последните трендови на пазарот.