Англиски за конверзација

Курс по Англиски за конверзација

Овој курс е наменет за сите оние кои сакаат да го подобрат говорниот англиски јазик на повисоко (професионално) ниво.  

Целта на курсот е студентот да добие поголема самодоверба во користењето на англискиот јазик, да го прошири речникот на зборови, професионално да се изразува, како и целосно да го подобри комуницирањето на англискиот јазик.

Овој курс ќе Ви помогне да го проширите Вашиот вокабулар и флуентност кога разговарате на англиски јазик во секојдневни, но и деловни ситуации.

Што обуката опфаќа:

  • Секојдневна комуникација 
  • Водење на бизнис разговори
  • Работа на конкретни секојдневни и деловни ситуации
  • Организирање на состаноци и зборување на состаноци
  • Презентации на англиски јазик 
  • Разговори по телефон 
  • Предлози, сугестии, давање совети, согласувања/несогласувања 
  • Давање на препораки и насоки
  • Дискусии за бизнис опкружување и економија
  • Дебатирање 
  • Разговарање со стручна терминологија во различни области (ИТ, право, медицина, маркетинг и продажба итн.)

Курсот се состои од 32 часа, односно трае 2 месеци и часовите се одржуваат 2 пати неделно во времетраење од 90 минути.

Почеток  25.10.2019

Цената на курсот е 6.000 денари, на 2 месечни рати по 3.000 денари.