
+ ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК
Сакате Дa Работите Како Програмер Во Германија?
Изберете ја најдобрата комбинација – Изучување на Front end програмирање и Германски јазик за работа во ИТ сектор.
Обуката е наменета за почетници во областа програмирањето, како и со или без минимално познавање на германски јазик.
Обуката за Front-End програмирање се изведува по верифицирана програма од страна на Мин. за образование и наука, како и Центарот за образование на возрасни Скопје.
Оваа обука вклучува изучување на најпознатите технологии за креирање на код за делот од веб страните и софтверските апликации кој е видлив за посетителите односно корисниците. Изучување на програмски јазици за кодирање на апликации, вклучувајќи визуелни елементи како што се мени ленти, најразлични копчиња за акција и целокупен распоред и дизајн на веб страни или веб апликации.
Технологии што се изучуваат во оваа обука се:
- HTML
- CSS
- SCSS
- JavaScript
- JQuery
- Bootstrap
- WordPress
Обуката е практична и изобилува со изработка на повеќе практични проекти, односно по завршувањето на обуката студентот ќе има изработено повеќе комплетно фукционални апликации.
Сертификатот што се добива од оваа обука е валиден и признаен во нашата земја, и во сите Европски земји.
Обуката за германски јазик е наменета за почетници и за луѓе кои сакаат да работат и живеат во Германија, со посебен фокус за работа во ИТ индустрија.
Обуката за изучување на Германски јазик вклучува:
- Основно ниво на разбирање на германски јазик
- Употреба на познати секојдневни изрази и зборови
- Претставување и основна конверзација
- Поими и изрази за работа во ИТ сектор
- Реализација на интервју
- Размена на информации за различни ситуации
За поминатата обука за германски јазик се добива сертификат за познавање на германски јазик според степенот после извршено тестирање.
Воедно, со учество и завршување на оваа обука, нудиме и поврзување со германски ИТ компании и директни препораки за студенти кои сакаат да живеат и работат во Германија.
Времетраење на обуката 5 месеци.
Реализација на обуката може да биде со физичко присуство во Битола, или пак онлајн.
Часовите за програмирање се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа.
Часовите за германски јазик се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа.
Цена: 64.000 Денари
Плаќањето може да биде на 5 рати.
За плаќање во готово, цената за обуката е со 10% попуст.
Обуките може да се реализираат и одделно, односно студентот може да се запише само на Академијата за Фронт енд програмирање (40.000 денари) или само на обуката за Германски јазик (24.000 денари).
Отворенa групa со почеток на: 10ти март 2023г.
Не пропуштајте ја оваа можност!
Инвестирајте во вашата кариера
Контактирајте нè