Javen Advertising

Javen Advertising

Германски јазик за конверзација

Германски јазик за конверзација 

Курс кој се фокусира на подобрување на Вашата флуентност, проширување на вашиот вокабулар и усовршување на Вашите комуникациски вештини за секојдневни и деловни ситуации.

Усовршете го разговорниот германски јазик за само 3 месеци преку редовна пракса и насоки од нашите предавачи. Развијте ги јазичните вештини неопходни за ефективно комуницирање во различни сценарија од реалниот живот.

Што опфаќа обуката:

  • Работа на постигнување соодветна флуентност
  • Проширување на вокабуларот
  • Комуникациски вештини (вклучувајќи активно слушање, ефективно поставување на прашања и давање соодветни одговори)
  • Разговарање за секојдневни ситуации
  • Деловна комуникација (деловни состаноци, презентации, преговарање и кореспонденција)

Курсот трае 3 месеци. Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 1 час со времетраење од 60 минути.

Цената е 4.000 денари месечно, за целосна уплата цената е со 20% попуст.

Курсот може да се одржува во мала група или индивидуално по барање на студентот, притоа истиот се прилагодува според барањата на студентот и неговото познавање на германскиот јазик.

Часовите може да се одржуваат со физичко присуство во Битола или онлајн.

Инвестирајте во вашата кариера

Контактирајте нè