Google алатки: Google Drive, Google Analytics и Google Ads
Google алатките се едни од најупотребуваните и клучни алатки во дигиталниот маркетинг.
Секој маркетер за да биде успешен во својата работа, мора да има познавање од:
–Google Drive – платформа за професионално креирање и споделување на најразлични документи и мултимедијални материјали, нивно едитирање и користење.
–Google Analytics – алатка за водење на статистика на веб сајтови, генерирање на најразлични извештаи и нивно анализирање, како и следење на успешност на маркетинг кампањи
–Google Ads – платформа која овозможува рекламирање на Google, креирање на маркетинг кампањи, генерирање на клучни зборови и соодветно таргетира.
Оваа обука се реализира со предавач во специјален софтвер за онлајн учење.
Студентот е потребно да има само компјутер, слушалки со микрофон и интернет конекција.
Начинот на работа е како во реална училница со предавач, бидејќи софтверот во кој се одржува обуката овозможува споделување на презентација, споделување на екран од страна на предавачот и од страна на студентот, прашување, дискусија, пишување на електронска табла, споделување на мултимедијални материјали, пишување забелешки и непречена комуникација во текот на цела обука.
Обуката за Google алатки вклучува изучување на:
- Google Drive
- Google Analytics
- Google Ads
Оваа онлајн обука трае 16 часа.
Термините се флексибилни, во договор со предавачот.
Цената на обуката е 5.000 денари.
После завршувањето на обуката студентот добива сертификат кој му се испраќа по пошта.