Javen Advertising

Javen Advertising
Slide
Графички Дизајн + UX/UI Дизајн

Целиот визуелен дизајн започнува со графички дизајн. Едноставно кажано, тоа е уметност на одлучување како треба да изгледаат работите. Графичките дизајнери избираат бои и фонтови, како и распоредуваат елементи, слики, блокови на текст и сл.

Графичкиот дизајн претставува визуелна комуникација, уметност која има конкретна задача и цел. Програмата на оваа обука е конкретна, практична и ориентирана кон уметноста и техниката. 

Што вклучува оваа обука:

  • Научи ги основите и принципите на графичкиот дизајн
  • Научи да работиш во Adobe Photoshop и Adobe Illustrator
  • Научи UX/UI дизајн

Обуката вклучува изучување на најкористените програми за графички дизајн Adobe Photoshop и Adobe Illustrator, и тоа преку практични примери и изработка на многу слики, постери, визит картички, плакати, менија, постери итн. 

Воедно, обуката вклучува изичување на UX/UI дизајн што претставува:

UX (User Experience)
Дизајнот на корисничкото искуство (UX) е процес на примена на пристап кон дизајн фокусиран на корисникот за разбирање и задоволување на неговите потребите. Целта е да се направат производи кои се функционални, достапни и лесни за употреба.
UX дизајнот се разликува и од дизајн на интерфејс и од графичкиот дизајн по тоа што се фокусира на логиката и структурата на елементите што всушност ги гледа и со кои комуницира корисникот. UX дизајнерот е во тесна соработка со сите засегнати страни, дизајнери на кориснички интерфејси и програмери и вообичаено доставуваат wireframes, прототипови, мапи на сајтови до тимот на UI дизајнери.

UI (User interface design)
Дизајот на кориснички интерфејс (UI) конкретно се фокусира на визуелниот дизајн на интерактивни елементи како што се паѓачките менија, контакт форми, елементите што може да се кликаат, анимации, копчиња и другите визуелни елементи со кои корисникот комуницира додека користи определена веб-локација или апликација. UX се однесува на целата интеракција што корисникот ја има со некој производ. Дизајнерот на интерфејс е лице кое ги направи апликациите и веб-локациите и визуелно привлечни и лесни за употреба. UI дизајнерот е во тесна соработка со програмерите со цел конвертирање на дизајнот во работен производ (веб страна / софтверска апликација).

UI и UX дизајнерите играат клучна улога во животниот циклус на развој на производот.

Adobe Photoshop

Запознавање со работната околина

  • Oтворање на Adobe Photoshop документ
  • Панел со алатки
  • Дополнителни опции на алатки
  • Зумирање во документ
  • Поништување на акции

Основни корекции

  • Резолуција и големина
  • Израмнување и отсекување на слика
  • Прилагодување на тон
  • Работа со алатката Spot Healing Brush
  • Content-aware алатки
  • Работа со алатката Clone Stamp
  • Изострување на слика

Селекции

  • Правење на специфични делови од сликата активни
  • Репозиционирање на селекција
  • Поместување и дуплицирање на содржината на селекција
  • Деселектирање
  • Додавање и одземање од селекција
  • Ротирање на селекција
  • Сложени селекции

Слоеви

  • Организирање на сликата во слоеви
  • Креирање, прикажување, криење и селектирање на слоеви
  • Подредување на слоеви
  • Blending Modes
  • Израмнување на слоеви

Брзи поправки

  • Отстранување на red eye
  • Осветлување на сликата
  • Креирање на панорама
  • Работа со Iris Blur
  • Корекција на дисторзирана слика
  • Прилагодување на перспективата

Час 6 Маски и канали

  • Креирање и рафинирање на маски
  • Едитирање на маски
  • Работа со Puppet Warp
  • Зачувување на селекција како алфа канал
  • Работа со панелот Channels

Типографија

  • Користење на Guides за позиционирање на текст
  • Креирање на маска од текст
  • Спојување на текст со други слоеви
  • Форматирање на текст

Цртање на вектори

  • Разлика меѓу растерска и векторска графика
  • Цртање на прави и криви линии со Pen Tool
  • Цртање на форми

Adobe Illustrator

Запознавање со работната околина

  • Отворање на Adobe Illustrator документ
  • Панел со алатки
  • Properties панел
  • Ресетирање и зачувување на Workspace
  • Зумирање во документ
  • Навигација низ повеќе Artboards и документи

Селекции

  • Алатки и техники на селектирање
  • Smart Guides
  • Зачувување на селекции
  • Криење и заклучување на објекти
  • Порамнување на објекти
  • Групирање и одгрупирање на објекти
  • Работа во Isolation mode

Цртање на форми

  • Креирање на нов документ со повеќе Artboards
  • Цртање на основни форми
  • Заоблување на рабови
  • Векторизација со Image Trace

Едитирање и комбинирање на форми и патеки

  • Сечење со алатката Scissors
  • Спојување на патеки
  • Сечење со алатките Knife, Eraser
  • Комбинирање со Pathfinder

Трансформирање

  • Работа со Artboards
  • Работа со Ruler и Guides
  • Прецизно позиционирање на објекти
  • Поместување, ротирање и рефлектирање на објекти со различни методи

Цртање со Pen Tool

  • Цртање на прави и криви линии со Pen Tool
  • Едитирање на прави и криви линии
  • Бришење и додавање на точки

Бoење

  • Колор модови
  • Локални и глобални бои
  • Color Picker
  • Eyedropper
  • Боење со Live Paint

Типографија

  • Додавање на текст
  • Импортирање на текст
  • Промена на атрибути на текст
  • Креирање на колони
  • Обвиткување на текст околу форма
  • Додавање на текст на патека и форма

Обуката трае 4 месеци, односно 64 часа. Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа.
Следната обука почнува на 1 февруари 2023 год.
Локација: Битола и онлајн.

Цената е 28.000 денари, плаќањето може да биде на 4 месечни рати.

За целосна уплата, цената на обуката е со 10% попуст.

Инвестирајте во вашата кариера

Контактирајте нè