JAVA Програмирање

Со оваа обука ќе  стекнете соодветни знаења и вештини кои се неопходни за развој на два типа на Java програми: Java десктоп апликации и Java веб апликации. 

Преку јасни описи, динамични практични примери и професионални техники, оваа програма е наменета за креирање на напредни апликации, и тоа на едноставен, но и професионален начин. 

Студентот ќе биде запознаен со основните концепти на Java и ќе биде способен да работи на решавање на сложени алгоритми и моделирање на покомплицирани системски модели, што ќе послужи како основа за работа и на други апликации. 

 

Оваа обука е поделена на два дела и тоа основно и напредно изучување на Java програмскиот јазик.

Обуката трае 3 месеци, односно 72 часа.

 

Оваа обука е наменета за сите оние кои се заинтересирани за изучување на Java програмскиот јазик, програмери кои сакаат да изработуваат софтвер во Java, како и студенти кои сакаат да напредуваат и да научат да програмираат во овој програмски јазик. 

 
Нудиме интензивна обука, со практични примери и изработка на проекти. 
 
Почеток на 23.03.2020 г.

Цената е 400 евра. Плаќањето може да биде на рати.

Програма за работа: 

 

JAVA SE & JAVA EE

 

* JAVA SE Swing

* JAVA EE Spring

* Bootstrap 4 & CSS3 

* MySQL

* Store Procedure