Javen Advertising

Javen Advertising
Slide
Џуниор Школа за
Front-Еnd Програмирање

Џуниор школа за front-end програмирање (напредно ниво).

Обуката за Front-End програмирање опфаќа изучување на најпознатите технологии за креирање на код за делот од веб страните и софтверските апликации кој е видлив за посетителите односно корисниците. 

Овој дел претставува дизајн на апликациите, и е составен од слики, текст, останата содржина и мултимедијални материјали, копчиња, линкови и други елементи за современ и функционален изглед на апликациите во различните пребарувачи.

Со изучување на оваа обука учениците ќе можат самостојно го да дизајнираат веб страни со најпознатите и најупотребуваните технологии за front-end програмирање, без користење на темплејти во ИТ индустријата. 

Технологии кои се изучуваа се:

  • Bootstrap 4,
  • React,
  • CSS,
  • SCSS,
  • WordPress.

Оваа обука е за деца кои имаат завршено основно ниво на програмирање. 

Времетраење: 4 месеци
Почеток на обуката: 15 септември 2022г.
Број на часови: Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 60 минути.
Цена: 3.000 денари месечно.
За целосна уплата, цената е со 10% попуст.
За ран упис и целосна уплата до 15 август, цената на обуката е со 20% попуст.

Инвестирајте во вашата кариера

Контактирајте нè