

Python Програмирање

Подгответе го вашето дете за успешна иднина.
Давањето важност на способноста за кодирање расте секојдневно.
Python е добар избор за почетници, лесен е за разбирање, а неговата синтакса е јасна и концизна. Погоден за ученици без искуство во програмирање.
Python е компјутерски програмски јазик кој стана еден од најпопуларните програмски јазици во светот во последниве години.
Најчесто се користи за развој на веб-страници и софтвер, автоматизација на задачи, анализа на податоци и визуелизација на податоци.
Овој програмски јазик се користи за развој на Back end делот на веб сајтот или апликациите – деловите што корисникот не ги гледа. Улогата на Python во веб развојот може да вклучува испраќање податоци до и од сервери, обработка на податоци и комуникација со бази на податоци, рутирање на URL и обезбедување безбедност.
Во текот на целата обука се работи на практични примери и проекти, со цел лесно изучување и практикување на овој програмски јазик.
Python е моќен, експресивен програмски јазик кој е лесен за учење и забавен за користење!
Така што овој програмски јазик го носи вашето дете во светот на програмирањето!
Python за деца е нивниот билет за неверојатниот свет на компјутерско програмирање.
За деца од основно и средно образование.
Времетраење: 4 месеци.
Број на часови: Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 60 минути.
Цена: 4.000 денари месечно.
Можности за реализација на обуката: во училница во Битола, или онлајн.
Инвестирајте во вашата кариера
Контактирајте нè