Javen Advertising

Javen Advertising
Slide
Џуниор Школа за
Веб Програмирање
 Џуниор школа за веб програмирање (основно ниво), наменета за деца од основно образование односно од 8 до 14 години. 
 
Школата за веб програмирање е наменета за деца кои покажуваат интерес кон компјутерските науки и сакаат да го насочат своето образование кон таа област. 

Бидејќи живееме во дигитална ера, изучувањето на програмирањето ќе им помогне на децата многу полесно да ги користат дигиталните медиуми и платформи, но и да се насочат кон понатамошното образование од областа на информатичките технологии.

Програмата на оваа обука е специјално дизајнирана за деца кои веќе имаат познавање со работа на компјутери, и истата се однесува на изучување програмирање на дизајн односно изглед на веб страна, како и програмирање на фукционалноста на веб страните, во стручната литература познато како front-end и back-end програмирање.

Во текот на 4 месечната школа ученикот работи постојано на практични примери и како резултат на тоа, на крајот од школата ќе има изработено своја веб страна. 

Технологии што се изучуваат: 

  • HTML, 
  • CSS, 
  • JavaScript. 

Времетрaење: 4 месеци. Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 60 мин.
Цена: 3.000 денари месечно.
Почеток на нова група: 10 ти октомври 2023 г.
За целосна уплата, цената на обуката е со 20% попуст.


Можности за реализација на обуката: во училница во Битола, или онлајн.

Обуката е достапна на македонски и на албански јазик!

После завршување на Џуниор школата (основно ниво), ученикот има можност да продолжи на следниве напредни нивоа на програмирање:

II ниво – Изучување на JavaScript напредно ниво

III  ниво – Изучување на Boostrap 

IV ниво – Изучување на WordPress 

V ниво – Изучување на PHP програмски јазик 

Секое ниво трае по 4 месеци, и часовите се одржуваат со истото темпо односно 2 пати неделно по 60 минути. Цена: 3.000 денари месечно или за целосна уплата за 4 месеци со 20 % попуст! 

 

 

Инвестирајте во вашата кариера

Контактирајте нè