Школата за веб програмирање е наменета за деца кои од рана возраст покажуваат интерес кон компјутерските науки и сакаат да го насочат своето образование кон таа област.
Бидејќи живееме во дигитална ера, изучувањето на програмирањето ќе им помогне на децата многу полесно да ги користат дигиталните медиуми и платформи, но и да се насочат кон понатамошното образование од областа на информатичките технологии.
Програмата на оваа обука е специјално дизајнирана за деца кои веќе имаат познавање со работа на компјутери, и истата се однесува на изучување програмирање на дизајн односно изглед на веб страна, како и програмирање на фукционалноста на веб страните, во стручната литература познато како front-end и back-end програмирање.
Во текот на 4 месечната школа ученикот работи постојано на практични примери и како резултат на тоа, на крајот од школата ќе има изработено своја веб страна.
Технологии што се изучуваат: HTML, CSS, JavaScript.
Времетрaење: 4 месеци. Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 60 мин.
Цена: 3.000 денари месечно. За целосна уплата износот е со 10% попуст.
Почеток на обуката: 1ви јуни 2022г.
Можности за реализација на обуката: во училница во Битола, или онлајн во специјален софтвер за онлајн учење.