Јуниор школа за програмирање
Јуниор школа за програмирање
„Сите би требало да научиме да програмираме бидејќи програмирањето не учи како да размислуваме.“ – Стив Џобс
Вложете во иднината и во образованието на Вашето дете преку изучување на основите на програмирањето и изработка на веб страни.
Јуниор школата за програмирање е наменета за деца кои од рана возраст покажуваат интерес кон компјутерските науки и сакаат да го насочат своето образование кон таа област.
Бидејќи живееме во дигитална ера, изучувањето на програмирањето ќе им помогне на децата многу полесно да ги користат дигиталните медиуми и платформи, но и да се насочат кон понатамошното образование од областа на информатичките технологии.
Што вклучува Јуниор школата за програмирање?
Програмата е специјално дизајнирана за деца кои веќе имаат познавање со работа на компјутери, и истата се однесува на изучување програмирање на дизајн односно изглед на веб страна, како и програмирање на фукционалноста на веб страните, во стручната литература познато како front-end и back-end програмирање.
Во текот на 3 месечната школа ученикот работи постојано на практични примери и како резултат на тоа, на крајот од школата ќе има изработено своја веб страна.
Технологии што се изучуваат: HTML, CSS, Java Script, Bootstrap, WordPress.
За кој е наменета школата?
Јуниор школата за програмирање е наменета за деца кои имаат наполнето 12 години и кои имаат основни познавања за работа со компјутери и Windows.
Реализација на школата: Јуниор школата трае 3 месеци и се организира 2 пати во годината и тоа во септември и февруари.
Вкупно часови: 24 часа по 60 минути, вкупно времетрaење: 3 месеци.
Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 60 минути.
Цена: 12.000 денари, плаќањето може да биде и на рати.
Локација: Битола и Охрид
Следната Јуниор школа во Битола почнува на 17.02.2020 год. и во Охрид на 02.03.2020 год.