Како да аплицирате за ваучери
за обуки за дигитални вештини!

Инвестирајте во својата иднина!

Јавен Адвертајзинг е давател на обуки за дигитални вештини преку Министерство за образование и наука и е во листата на фирми преку кои може да се искористат ваучерите за ваквите обуки. 

Доколку имате од 18-29 години имате можност да аплицирате за ваучер од 30.000 денари кој што го доделува Владата на Република Северна Македонија за изучување на дигитални вештини. 

Обуките за кои Јавен Адвертајзинг има аплицирано вклучуваат многу академии и обуки за изучување на програмски јазици и дигитален маркетинг. 

Како да аплицирате за ваучери:

  1. Потребно е да отворете или поседувате профил на www.uslugi.gov.mk
  2. За да отворите кориснички профил за ваучер кон барањето треба да приложите скенирана лична карта и телефонски број за контакт.
  3. Откако ќе го испратите барањето, Министерството за информатичко општество и администрација ќе Ве контактира за да ја потврди верификацијата на приложените податоци.
  4. Бидејќи на 18ти Јули е објавено кој има право како давател на услуги и на кои услуги, Вие имате рок од 15 дена после 18ти Јули за да поднесете барање за ваучер. 
  5. За да Ви го одобрат барањето кон истото треба да прикачете и скенирана диплома од завршено образование во зависност од степенот на образование кое што го имате.


Ваучерот покрива 50% од износот на обуката, најмногу до 30.000 денари.

За повеќе информации контактирајте не преку е-меил или телефон.

[email protected] или 078 391 978 / 075 283 017