Менаџирање и дигитален маркетинг
на ИТ проекти

Секоја компанија има потреба од нови проекти или има веќе постоечки ИТ проекти за одржување.

Научете како правилно да составувате, управувате со ИТ проекти и да ги презентирате дигитално.

 

Обука која што нуди изучување на сите платформи и технологии за проектен менаџмент и управување со проекти, како и водење на дигитален маркетинг.

 

Преку користење на алатките за проектен менаџмент се следат: доделените задачи на вработените, извршувањето на задачите, запазувањето на роковите, се врши преглед на извршената задача и проверка пред да биде пријавена истата за завршена. 

Оваа обука ги опфаќа основите на менаџментот и проектниот менаџмент, но и целата методологија за користење и менаџирање со најпознатите алатки на интернационално ниво, кои што се потребни за одржување и водење на ИТ проекти и системот за вештачка интелегенција за работа со проектниот менаџмент.

 

Преку делот од обуката за дигитален маркетинг и SEO, ќе ги научите основите на маркетингот, ќе добиете знаење за најпознатите канали за дигитален маркетинг и основите за веб дизајн, како и сите клучни аспекти за креирање на веб страна според последните трендови на пазарот. Воедно, ќе научите како да генерирате нови потенцијални клиенти и самостојно да водите различни видови на маркетинг кампањи.  

 

Оваа обука е наменета за почетници и не е потребно предзнаење од областа.

 Програма:

  • Основи на менаџментот, запознавање со областа 
  • Основи на проектниот менаџмент, запознавање со областа
  • Раздлабочен проектен менаџмент, последни трендови и раздлабочено запознавање со проектниот менаџмент
  • Вештачка интелегенција (Artificial intelligence) систем во проектниот менаџмент како еден од најпознатите и последни трендови во проектниот менаџмент 
  • Методологија Agile, најкористената методологија во секојдневното работење на проектните менаџери во ИТ компаниите
  • Scrum/Kanban рамки за правилно управување со секој вид на ИТ проекти
  • Алатки за управување со проектите 
  • Bitrix
  • Bitbucket
  • Atlassian / Jira
  • Trello
  • Разбирање на е-бизнис и е-трговија
  • Правила за водење на е-трговија во нашата земја и странство
  • Генерирање на лидови и нивно конвертирање во продажба, начини, методи и канали
  • Водење на веб аналитика, генерирање на код за пратење за аналитика, работа во платформа за следење на посети на веб сајт, креирање на извештаи
  • Оптимизација на веб сајтови или on-site оптимизација, активности и начини кои може да се направат на веб сајтовите со цел да се подигне рејтингот на сајтот при пребарување во интернет пребарувачите
  • Рекламирање на пребарувачи односно off-site оптимизација, принципи и користење на Google Ads и Bing Ads
  • Кампањи за е-маил маркетинг и сервиси за емаил-маркетинг
  • Креирање и водење на кампањи на социјални медиуми: Facebook, Twitter, Linkedin
  • Блогирање и креирање на платформа за блог, правила за водење на успешен блог
  • Креирање и презентирање на завршни проекти 

Наставата ќе се реализира во училница во мали групи.

Број на часови: 120

Времетраење: 3 месеци

Цена: 60.000 денари. Плаќањето може да биде и на рати.

Локација: Битола, Охрид или онлајн во Adobe Connect – софтвер за онлајн учење. 

Оваа обука е достапна со ваучер, но и за сите онние ккои не ги исполнуваат условите за ваучер. 

Почеток на обуката: 20 Август 2020 г.