Започнете со изучување на проектниот менаџмент во ИТ секторот.
Во денешно време, се повеќе се потребни проектни менаџери во секоја компанија, кои би управувале, следеле и изготвувале извештаи за тековните и идните проекти на компанијата.
Преку користење на алатките за проектен менаџмент се следат: доделените задачи на вработените, извршувањето на задачите, запазувањето на роковите, се врши преглед на извршената задача и проверка пред да биде пријавена истата за завршена.
Оваа обука ги опфаќа основите на менаџментот и проектниот менаџмент, но и целата методологија за користење и менаџирање со најпознатите алатки на интернационално ниво, кои што се потребни за одржување и водење на ИТ проекти и системот за вештачка интелегенција за работа со проектниот менаџмент.
Обуката е составена и креирана на начин што можат да ја изучуваат студенти, но и сите други вработени лица кои што имаат желба за надоградба на нивното знаење или сите оние кои што сакаат да изучат нешто ново и да се преквалификуваат во својата професија.
По завршувањето на обуката студентите ќе добијат познавање во областа на менаџментот и проектниот менаџмент на практично ниво, како и познавање и способност за користење на најпознатите ИТ алатки и платформи кои се користат во компаниите во одделот на проектниот менаџмент.
Завршените студенти од оваа обука ќе може да работат како проектни менаџери во ИТ компании, но и во останати компании кои работат на најразлични проекти и имаат потреба од проектен менаџер.
Времетраење на обуката е 6 недели.
Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа во времетраење од 45 минути.
Вкупно часови: 30
Цената на обуката е 9.000 денари и плаќањето може да биде на рати.
Локација: Битола или онлајн во Adobe Connect – софтвер за онлајн учење.
Почеток на обуката: 25 ноември 2020 г.