Javen Advertising

Javen Advertising
Slide
Напреден Microsoft Excel

Excel е еден од најважните делови од MS Office пакетот.
Овој дел од Microsoft Office има широка примена во економскиот, правниот, техничкиот и образовниот сектор.
Excel го користат сите, почнувајќи од средношколци, студенти, па се до вработени лица на административни позиции во мали, средни и големи компании.
Исто така го користат и професори, бизнис аналитичари, банкари, менаџери и нивните клиенти.

Еxcel е погоден за сите лица кои имаат секојдневен контакт со податоци и секако е наменет за сите оние кои сакаат да го изучуваат и пронаоѓаат предизвик во континуираното усовршување. 

Преку низа на практични примери кои што помагаат за брзо и лесно совладување на целиот материјал и сите делови на оваа програма студентите ќе го подигнат своето знаење од основно до напредно ниво.

По завршувањето на оваа обука студентите ќе може да го работат овај дел на Microsoft Office без никакви потешкотии. Со леснотија ќе може да ги решаваат задачите на факултет, училиште, или да манипулираат со податоците што им се зададени на работната позиција.

Што вклучува оваа програма:

  • Запознавање со Excel екранот и негова костумизација согласно потребите на корисникот.
  • Kреирање на сопствен template и модифицирање на однапред креирани templates со што се овозможува заштеда на време.
  • Примена на основни и сложени формули се со цел обработка и подготување на податоците за понатамошна анализа.
  • Класифицирање на податоци, сортирање и филтрирање се со цел креирање оптимизиран преглед приспособен на потребите на крајните корисници .
  • Користење на напредни техники за визуализација на податоци во вид на графикони и дијаграми што овозможува навремено детектирање на трендови кои во огромни низи на необработени податоци се лесно незабележливи, а исходот може да биде погрешна бизнис одлука.
  • Преку промена на конкретни варијабли алатката “Scenario Manager” нуди конкретни решенија кои помагаат фокусот на корисникот да биде насочен кон остварување на посакуваниот резултат.

 

 

Се со цел нашите студенти самоуверено да ги извршуваат секојдневните обврски и/ или навремено да одговорат на доставените барања од своите претпоставени во оваа online Excel обука ќе бидат обработени следните тематски поглавја:

  • Excel interface
  • Креирање сопствени и манипулирање веќе постоечки templates
  • Основно, напредно и костумизирано сортирање
  • Основно и напредно сортирање
  • Одстранување на повторливи податоци (Remove duplicates)
  • Subtotal
  • Визуелно претставување на податоци во вид на графикони и дијаграми
  • Сумирање на податоци и креирање на Pivot табели и Pivot графикони
  • Распоредување на податоци по колони (Text to column)
  • Data validation
  • Заштита на ќели, работни листови и документи
  • Conditional Formatting
  • Linking Data
  • IF Functions
  • Nesting Functions
  • Формули со датуми
  • Текстуални формули
  • VLOOKUP
  • HLOOKUP
  • Консолидација на податоци

Времетраење на обуката е 1 месец, односно вкупно 16 часа.
Вкупно се предвидени 8 средби по 2 часа.
Цена на обуката: 6.000 ден.

Инвестирајте во вашата кариера

Контактирајте нè