Обука за Data Science

Data Science

Data Scientist е една од најперспективните и најплатените професии,  со огромна побарувачка во земјата и странство и тоа не само во ИТ компаниите, туку и во компании од различни сфери кои располагаат со голем број на податоци. 

Оваа професија овозможува управување со големи бази на податоци во различни бизнис сектори како што се финансии, банкарство, осигурување, транспорт и логистика, фармација, здравство итн. 

Во денешно време скоро сите бизниси располагаат со големи количини на податоци кои се сместени во одредени системи за управување со бази на податоци. Без постоење на ваквите складишта на податоци, бизнисите не би можеле да ги извршуваат своите секојдневни активности, да генерираат различни извештаи и истите да ги користат за донесуваат соодветни одлуки. 

 

Затоа на сите компании без разлика во која сфера делуваат, им се потребен добро обучени кадри кои ќе знаат да ги дизајнираат и креираат базите на податоци, да ги поврзуваат, да прават визуелизација од истите, и се разбира да ги обработуваат според различните потреби.  

Програмата која се нуди во оваа обука овозможува оспособување на студентот самостојно да креира бази на податоци, да управува со веќе креираните бази на податоци и истите да ги обработува, но и да прави анализи и визуелизација со достапните податоци. 

 

Студентот ќе работи и на практичен и реален проект со цел вклучување на сите елементи од оваа обука и нивно поврзување. 

Што вкучува програмата: 

    • MySql (Relational Databases) 
    • Neo4J Бази на податоци со графички приказ 
    • NoSQL (Non-Relational Databases) 
    • Python – интерпретиран и на високо ниво програмски јазик; поврзување со податочни структури, визуелизација на податоци, преземање на податоци, обработка и анализа преку примена на различни методологии. 

Почеток: 5 Март 2020 год. 

Времетраење: 4 месеци, односно вкупно часови: 96. Часовите се одржуваат  2 пати неделно по 3 часа од 45 минути.  

Цена: 600 евра, плаќањето може да биде на 4 месечни рати.