C++
Оваа обука е наменета за изучување на програмскиот јазик C++ кој претставува основа во програмирање и кој е основа на многу други модерни програмски јазици.
Со оваа обука ќе ги научите основите за програмирање во C++, како и суштината на објектно ориентираното програмирање.
Во текот на целата обука се работи на практични примери и проекти, со цел лесно изучување и практикување на овој програмски јазик.
Обуката се одржува во специјален софтвер за онлајн учење, и слушателот потребно е да има компјутер и добра интернет конекција. Работата преку овој софтвер е на многу високо ниво, бидејќи овозможува целосна интерекција со професорот, дискусиија, споделување на материјали, како и обострано споделување на екран.
Оваа обука е наменета за средношколци, за студенти, но и за сите оние кои сакаат да го научат програмскиот јазик C++.
Обуката се состои од вкупно 48 часа, односно е со времетраење од 2 месеци.
Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 3 часа од 45 минути.
Цена на обука: 14.000 денари
Плаќањето може да биде направено на 2 месечни рати по 4.500 денари.
Програма:
Вовед во C++
Програмска логика
Математички операции со C++
Декларација и иницијализација на променливи
Функции и референци
Напредни фукции
Наредби
Наследување
Објектно ориентирано програмирање