Онлајн обуки

Дигитален маркетинг и SEO

Оваа обука се реализира со предавач во специјален софтвер за онлајн учење. 

Студентот е потребно да има само компјутер, слушалки со микрофон и интернет конекција. 

Начинот на работа е како во реална училница со предавач, бидејќи софтверот во кој се одржува обуката овозможува споделување на презентација, споделување на екран од страна на предавачот и од страна на студентот, прашување, дискусија, пишување на електронска табла, споделување на мултимедијални материјали, пишување забелешки и непречена комуникација во текот на цела обука.

  

Онлајн обуката за дигитален маркетинг и SEO опфаќа изучување на најпознатите алатки и техники за водење на дигитален маркетинг, и тоа: 

  • Креирање на кампањи на социјалните мрежи: Facebook, Instagram, Twitter и LinkedIn
  • Користење на Google алатките и тоа Google Analytics за водење на статистика за веб страните, Google Ads – креирање на PPC кампањи за зголемување на бројот посети на веб страните, Google Drive за организација на документи.
  • Техники за генерирање на лидови и последни трендови за креирање на веб страни
  • Водење на е-бизнис и е-трговија 
  • Affiliate маркетинг 
  • Блогирање 
  • Маркетинг на содржина и copywriting

Оваа онлајн обука трае 24 часа. 

Термините се флексибилни, во договор со предавачот.

 

Цената на обуката е 9.000 денари. Плаќањето може да биде направено и на рати. 

После завршувањето на обуката студентот добива сертификат кој му се испраќа по пошта.