Онлајн обуки

PHP програмирање

Оваа обука се реализира со предавач во специјален софтвер за онлајн учење. 

Студентот е потребно да има само компјутер, слушалки со микрофон и интернет конекција. 

 

Начинот на работа е како во реална училница со предавач, бидејќи софтверот во кој се одржува обуката овозможува споделување на презентација, споделување на екран од страна на предавачот и од страна на студентот, прашување, дискусија, пишување на електронска табла, споделување на мултимедијални материјали, пишување забелешки и непречена комуникација во текот на цела обука.  

 

Онлајн обуката за PHP програмирање опфаќа изучување на PHP програмскиот јазик, бази на податоци MySQl и Angular JS. 

Програмата е прилагодена за студентот да биде оспособен самостојно да работи во реална работна средина, и да аплицира за работно место PHP Junior Developer. 

Во текот на обуката, студентот работи и на реални проекти во координација со предавачот. 

 

Оваа обука трае 48 часа, односно часовите се реализираат за време на викенд во период направен во договор со студентите и предавачот. 

 

Цената на обуката е 15.000 денари. Плаќањето може да биде направено и на рати. 

 

После завршувањето на обуката студентот добива сертификат кој му се испраќа по пошта.