PHP програмирање

PHP & MySQL + Angular JS

Оваа обука опфаќа изучување на PHP програмскиот јазик, односно еден од најпознатите и најупотребуваните програмски јазици за развивање на сложени веб страни и апликации кои работат со голем број на податоци.

Секој дел од обуката е прилагоден со изработка на практични примери со цел да го оспособи студентот за лесно приспособување во работна средина и аплицирање за работно место PHP Junior Developer .

Освен изучување на PHP програмскиот јазик, оваа обука опфаќа изучување и на бази на податоци MySQL, односно поврзување на изработените проекти со соодветно креирани бази на податоци, како и работа со Angular JS со цел прилагодување на дизајнот на изработените проекти со PHP.    

Оваа обука е наменета за почетници, и не е потребно никакво предзнаење. 


Оваа обука трае 72 часа, односно обуката се реализира во период од 3 месеци.

Цената е 20,000 денари. Плаќањето може да биде на рати.


Оваа обука е достапна со ваучер, но и за сите оние кои не ги исполнуваат условите за ваучер. 

Почеток на обуката: 1 Септември 2020 г.  


Програма за работа:

 

HTML, TRELLO

Употреба на Trello account за организација на проекти(Креирање на account, потребни подесувања).

Основен дизајн на HTML и основни тагови <hr>,<br>,<h1>,<h2>,<h3>,<h4>,<h5>,<h6>, <table>,……

Запознавање со софтверот IE Tester. табели(прикажување на податоци во табела). Креирање на листи (мени), линкови(навигацина помеѓу страни). 

Тагот <form>, <input>, <select>. (Креирање на формулар и негово пополнување).

HTML, CSS, PHP

Објаснување на responcive design. 

Запознавање со WAMP Server. Објаснување на моделот Client – Server. 

Објаснување на моделот MVC, креирање на основна структура на проект изграден со MVC model. 

Запознавање со програмскиот јазик PHP (променливи, основни математички операции со променливи). 

Стрингови. Конкатенација на променливи и стрингови

PHP, JSON

Изучување на наредби за разгранување, наредба if, наредби за повторување, наредбите for, while. 

Објаснување на JSON, Логички оператори И(&&), ИЛИ(||).

PHP

Пренесување на вредност на променливите од еден во друг фајл со помош на GET и POST, преку <form> и url.

MySQL

Запознавање со бази на податоци. Креирање на табели. 

Запознавање со наредбите за внесување, едитирање и бришење на податоци од база, пребарување. (Insert, Update, Delete, SELECT)

MySQL

Поврзување на две или повеќе табели (INNER JOIN, LEFT JOIN, RIGHT JOIN).

Објаснување на Е-А дијаграм во 3 нормална форма (3НФ)

MySQL, TRELLO

Креирање Е-А дијаграм за проектите на учесниците во обуките. 

Употреба на Trello account за организација на проектот.

MySQL, TRELLO

Проверка на изработените Е-А дијаграми со извршување на MySQL наредби.

PHP

Објаснување на основни концепти на OOP PHP, функции кои враќаат и не враќаат вредност.

PHP, TRELLO

Креирање на модели на сите табели од MYSQL.

Употреба на Trello account за организација на проектот.

PHP, TRELLO

Креирање на class Database со PDO. 

Поврзување на PHP со MySQL. Oбјаснување на концептот на наследување.

Моделите треба да ги употребуваат функциите од класата Database.

Употреба на Trello account за организација на проектот.

HTML, AngularJS, TRELLO

Прилагодување на постоечки HTML&CSS design со AngularJS.

Објаснување на потребата од имплементација на AngularJS Запознавање со routs.js, app.js – controller. 

Употреба на Trello account за организација на проектот.

HTML, AngularJS

Креирање на JSON во AngularJS controller и негово прикажување на FRONT-END, објаснување на променливата $scope, ng-model, ng-repeat, ng-bind.

HTML, AngularJS, TRELLO

Валидација на формулари со употреба на AngularJS, читање на вредност од routes променлива $rootParam.

 Употреба на Trello account за организација на проектот.

HTML, AngularJS, PHP, JSON

Пренесување на JSON податоци од PHP во AngularJS и обратно.

PHP, MySQL

Креирање на Login Form, работа со PHP SESSION.

PHP, MySQL, AngularJS

Работа на проектите.

Google Analytics, FileZila

Изработка на проектите. Имплементација на Google Analytics. Поставување на проектот на бесплатен веб хостинг.