

од 6 до 8 години

Mini Kids Coding – Scratch за деца од 6 до 8 години
Внесете го Вашето дете во светот на програмирањето!
Учењето на програмски јазици од најрана возраст не е корисно само за идната подготовка за кариера, туку и за градење на силни логички и креативни вештини за размислување.
Scratch е визуелен програмски јазик. Лесниот интерфејс со принцип на влечење и пуштање на шарени блокови го прави еден од најинтуитивните програмски јазици за учење преку кој може да се креираат најразлични дигитални приказни, игри и анимации, без да пишуваат код. Примарната цел на овој програмски јазик е да ги научи најмладите да програмираат на забавен и лесно разбирлив начин.
Визуелниот и интерактивен процес на програмирање базирано на блок го прави учењето на компјутерското програмирање забавно и привлечно за децата.
Преку оваа обука децата ќе научат да решаваат проблеми, да дизајнираат проекти и креативно да се изразуваат на компјутер како и подобрување на други важни вештини како што се имагинацијата, креативноста и комуникацијата.
Почеток: 1ви јуни 2023 год.
Времетраење на обуката: 4 месеци. Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 1 сат.
Реализација: Со физичко присуство во нашите училници во Битола.
Цена: 2.400 денари месечно.
За целосна уплата за 4 месеци, цената на обуката е 8.000 денари.
Инвестирајте во вашата кариера
Контактирајте нè