Софтвер Тестер

“Софтвер тестерите не го тестираат само кодот, туку и границите на можности.”

Времетраење

4 месеци

Часови

2 часа од 60 мин

Почеток

15ти ноември 2023 година

Одржување

Битола или онлајн

Цена

32.000 денари

Информации за Обуката за Софтвер Тестер:

Биди дел од најбрзо растечката гранка во ИТ индустријата каде не е потребно предзнаење од каков и да било програмски јазик. 

Софтвер тестер позицијата во еден тим е на исто рамниште со девелоперот. Оваа позиција е многу динамична и постојано со нови предизвици. Привилегијата како тестер е голема, постојано сте вклучени во нови проекти а со тоа учите и нови работи. Исто така, како софтвер тестер ја имате таа привилегија да го видите и користите производот први пред другите.

Тестирањето на софтверот треба да биде вклучено уште од самиот развој на софтверот. Со тоа се обезбедува испорака на високо-квалитетен производ. Треба да ги задоволите барањата на клиентот и тој да биде сигурен дека му испорачувате сигурен и квалитетен производ. За таа цел тука се тестерите да го истестираат софтверот и ако истиот резултира со неуспеси, девелоперите да го поправат. Навеременото пронаѓање на проблемите во софтверот заштедува време и пари.

Грешка, error, bug….. тоа е она што му го “загрозува” животот на софтверот. Вашата задача како софтвер тестер е да ги пронајдите грешките. На крајот софтверот да биде погоден за употреба и да ги задоволува потребите на клиентите.

Студентите ќе се запознаат со:

  • Вовед во тестирање на софтвер;
  • Процес на тестирање;
  • Нивоа и видови на тестирање;
  • Пишување на test case;
  • Мануелно тестирање;
  • Автоматско тестирање со користење на алатките Selenium & Robot Framework;
  • Robotframework Library (Builtn, Selenium Library, Selenium Library2, DataBaseLibrary (Python));
  • XML, JSON;
  • UML;
  • SonarQube;
  • JUnit;
  • Git/Bitbucket.

План и програма:

Програмата е составена од теоретски и практичен дел. Студентите ќе работат на реални проекти каде ќе се соочат со предизивиците и проблемите кои се јавуваат во реален проект. Исто така ќе добијат корисни совети при аплицирање за работната позиција софтвер тестер.

Наставата ќе биде реализирана во училница во мали групи.

Цената е 32.000 денари и плаќањето може да биде на 4 месечни рати.

Предности доколку си Софтвер Тестер:

За целосна уплата, цената е со 20% попуст.

Scroll to Top