Академија за Веб Програмирање
Обука за Веб програмирање или познато како Веб дизајн се изведува по верифицирана програма од Министерството за образование и Центарот за образование на возрасни.
Преку оваа програма учесникот ќе биде целосно обучен самостојно да развива веб страни и сложени веб апликации со најпознатите технологии за програмирање, да ги хостира развиените веб страни на сервер и да ги одржува.
Освен изработка на веб страни, оваа обука вклучува и оптимизација на веб страни, односно рангирање на веб страните на што е можно повисоко ниво на пребарувачите (Google,Yahoo, Bing…).
Оваа обука е наменета за поченици и не е потребно предзнаење.
Технологии кои ќе се изучуваат во оваа обука се:
HTML, CSS, Java Script, Jquery, WordPress, Bootstrap, React, SASS.
Сертификат кој се добива после завршувањето на обуката е важечки во нашата земја и во странство.
Обуката трае 60 часа односно 3 месеци.
Обуката е практична, односно учесниникот во текот на обуката изработува повеќе различни проекти односно веб страни и истите ги поставува на сервер.
Цената на оваа обука е 20.000 денари и плаќањето може да биде на рати.
Почеток на обуката: 12 април 2021 год.
Локација: Битола и онлајн во Adobe Connect – софтвер за онлајн учење.
По завршување на програмата учесникот ќе биде оспособен да:
- Уредува и применува елементи за дизајн на веб страна
- Користи HTML – јазик за создавање на веб страници со сите негови елементи
- Работи со CSS – јазик за стилски страници што се користи за опишување на презентациската семантика
- Користи JavaScript- скриптен јазик кој е објектно ориентиран, со цел користење на повеќе хардверски и софтверски платформи
- Разликува алатки и софтвер за развивање на веб страници со нивна целосна функционалност
- Применува кодирање при манипулирање со веб страните
- Целосно знае да работи со WordPress
- Идентификува елементи за оптимизација на веб страната
- Применува различни техники за оптимизација на веб страната во техничкиот и маркетингшкиот дел
- Изработува извештај и презентација за изработената веб страна