Доколку сакате да изработувате веб страни, брзо, лесно и едноставно, тогаш оваа обука е наменета токму за Вас. Оваа обука е за почетници, и за сите оние кои досега никогаш немаат изработено веб страна.
WordPress е open-source односно вид на софтвер со отворен код за создавање на блогови или веб страни, и овозможува голема слобода во програмирањето.
Преку оваа обука студентот ќе научи да креира веб страни наменети за различни производи или услуги.
Во обуката ќе биде вклучено инсталација и активирање на WordPress, дизајнирање и уредување на целосна веб страна, дизајнирање на страни во веб страната, мени, сајтбар, футер, инсталирање на теми и плагини, како и back-up на веб страни. Воедно ќе биде вклучено и креирање на содржина, функционирање на интернет пребарувачите, како и хостирање на веб страната.
Во текот на обуката студентот ќе работи на веб страна по сопствен избор.
Оваа обука се реализира 2 месеци.
Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 1 сат.
Цената е 200 евра на 2 месечни рати.
Почеток на обуката: 1ви Октомври 2019 год