Англиски јазик за конверзација
“Преку разговорот, јазикот станува врата кон разбирањето.”
Времетраење
4 месеци
Часови
2 пати неделно по 1 час
Почеток
Активни уписи
Одржување
Битола или онлајн
Цена
3.000 денари
Информации за јазичната обука за Англиски јазик за конверзација:
Курс Англиски за конверзација / Бизнис англиски јазик
Овој курс е наменет за сите оние кои сакаат да го подобрат говорниот англиски јазик на повисоко (професионално) ниво.
Целта на курсот е студентот да добие поголема самодоверба во користењето на англискиот јазик, да го прошири речникот на зборови, професионално да се изразува, како и целосно да го подобри комуницирањето на англискиот јазик.

Што опфаќа обуката:
- Секојдневна комуникација
- Водење на бизнис разговори
- Работа на конкретни секојдневни и деловни ситуации
- Организирање на состаноци и зборување на состаноци
- Презентации на англиски јазик
- Разговори по телефон
- Предлози, сугестии, давање совети, согласувања/несогласувања
- Давање на препораки и насоки
- Дискусии за бизнис опкружување и економија
- Дебатирање
- Разговарање со стручна терминологија во различни области (ИТ, право, медицина, маркетинг и продажба итн. или области по барање на студентот)
Што друго се добива од оваа Обука?
Овој курс ќе Ви помогне да го проширите Вашиот вокабулар и флуентност кога разговарате на англиски јазик во секојдневни, но и деловни ситуации.
Курсот може да се одржува индивидуално по барање на студентот, и истиот да се прилагодува според барањата на студентот и нивото на познавање на англиски јазик.

Предности доколку ја посетувате обуката:
- Глобална комуникација
- Повеќе професионални можности
- Академски напредок