Јавен Адвертајзинг

Front-End Програмирање + Германски јазик

Front-End програмирањето е влезот на корисниците во виртуелниот свет, каде што кодот ги отвора вратите.

  • Времетраење

    5 месеци

  • Часови

    160 часа (4 пати неделно)

  • Почеток

    септември 2024 година

  • Одржување

    Битола или онлајн

  • Цена

    64.000 денари (на рати или со 25% попуст за уплата до 31ви јули)

Информации за Академијата :

Изберете ја најдобрата комбинација – Изучување на Front end програмирање и Германски јазик за работа во ИТ сектор. 

Обуката е наменета за почетници во областа програмирањето, како и со или без минимално познавање на германски јазик. Обуката за Front-End програмирање се изведува по верифицирана програма од страна на Мин. за образование и наука, како и Центарот за образование на возрасни Скопје. Оваа обука вклучува изучување на најпознатите технологии за креирање на код за делот од веб страните и софтверските апликации кој е видлив за посетителите односно корисниците. Изучување на програмски јазици за кодирање на апликации, вклучувајќи визуелни елементи како што се мени ленти, најразлични копчиња за акција и целокупен распоред и дизајн на веб страни или веб апликации. Обуката е практична и изобилува со изработка на повеќе практични проекти, односно по завршувањето на обуката студентот ќе има изработено повеќе комплетно фукционални апликации.

Сертификатот што се добива од оваа обука е валиден и признаен во нашата земја, и во сите Европски земји. Обуката за германски јазик е наменета за почетници и за луѓе кои сакаат да работат и живеат во Германија, со посебен фокус за работа во ИТ индустрија. 

Технологии кои ќе се изучуваат:

 HTML, CSS
 Bootstrap
 JavaScript
 jQuery
 Wordpress
 SCSS

Предности :

 Широк спектар на работни места
 Самостојност
 Повисоки плати

Што друго се добива од оваа Академија?

Обуката за изучување на Германски јазик вклучува:

  • Основно ниво на разбирање на германски јазик
  • Употреба на познати секојдневни изрази и зборови
  • Претставување и основна конверзација
  • Поими и изрази за работа во ИТ сектор
  • Реализација на интервју
  • Размена на информации за различни ситуации

За поминатата обука за германски јазик се добива сертификат за познавање на германски јазик според степенот после извршено тестирање.
Воедно, со учество и завршување на оваа обука, нудиме и поврзување со германски ИТ компании и директни препораки за студенти кои сакаат да живеат и работат во Германија. 

Часовите за програмирање се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа.
Часовите за германски јазик се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа.

Учесниците на Академијата имаат ексклузивен пристап до заедницата на предавачи и учесници, каде што сите заедно ќе разменувате знаења и информации и секогаш ќе бидете во тек со новостите од областа што сте ги научиле

Scroll to Top