Javen Advertising

Javen Advertising

AutoCAD

Преку оваа обука ќе научите да работите во AutoCAD – најпознатиот софтвер за детално техничко цртање  од областа на проектирање и дизајн, користен од архитекти, инженери, 3D артисти и е една од основните и најбараните алатки во оваа област. 

Преку изучување на софтверот (CAD-Computer-aided design), студентот ќе го научи процесот на изработка на 2D цртежи за дизајн, планови,проектна документација.

Оваа обука е наменета за архитекти, машински и градежни инженери, геодети и сите оние кои се занимаваат или сакаат да работат со проектирање, мерење, 3D моделирање и внатрешен дизајн.

Исто така е наменета и за студенти и за ученици кои сакаат да го продолжат или да го збогатат своето знаење од оваа област.

По завршувањето на обуката студентот ќе добие основно познавање за цртање на технички цртежи, нивна модификација и манипулација со употреба на основни команди за цртање и едитирање, како и припрема на цртежот за принтање или конвертирање во соодветен формат за приказ.

Потребни предзнаења за обуката: Основни познавања на работа со компјутери и Windows.

Обуката трае 2 месеци, односно вкупно 32 часа.

Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 2 сати. 

Почеток 10 март 2023г.

 Цена на обуката 16.000 денари на 2 месечни рати.

 Програма за работа:

  • Вовед во AutoCAD

    -Работна околина, запознавање и подесување на основни параметри
    -Преглед на работната околина, контрола на цртежот
    -Подесување на единици за техничко цртање

  • Едноставни цртежи, креирање на основни геометриски фигури.

    -Цртање на линија
    -Цртање на круг
    -Цртање на правоаголник,многуаголник
    -Цртање на полигони
    -Цртање на лак
    -Исполна, штрафирање на објекти

  • Алатки за цртање

    -Цртање под прав или под даден агол
    -Подесување на влезни информации при цртање
    -Подесување на референтни точки при цртање

  • Команди за модификација и манипулација

    -Копирање и поместување на објекти
    -Ротирање и размерување на објекти
    -Пресликување и рамномерно распределување на објекти
    -Скратување и продолжување
    -Спојување на објекти праволиниски или заоблено
    -Подредување на објекти

  • Користење на леери, блокови и групи

    -Креирање на леери
    -Користење на својствата за подесување на леери
    -Едитирање на леери
    -Креаирање на блокови
    -Едитирање на блокови
    -Креирање на групи
    -Едитирање на групи
    -Подесување на својства на објекти

  • Коти и текст

    -Креирање на линеарни и аголни коти
    -Подесување на коти
    -Креирање на текст
    -Креирање на показатели

  • Подготовка на темплејти и плотирање

    – Подготовка на посебен темплејт со задавање наслов
    – Плотирање, печатење на цртежи

Инвестирајте во вашата кариера

Контактирајте нè