
Биди дел од најбрзо растечката гранка во ИТ индустријата каде не е потребно предзнаење од каков и да било програмски јазик.
Софтвер тестер позицијата во еден тим е на исто рамниште со девелоперот. Оваа позиција е многу динамична и постојано со нови предизвици. Привилегијата како тестер е голема, постојано сте вклучени во нови проекти а со тоа учите и нови работи. Исто така, како софтвер тестер ја имате таа привилегија да го видите и користите производот први пред другите.
Тестирањето на софтверот треба да биде вклучено уште од самиот развој на софтверот. Со тоа се обезбедува испорака на високо-квалитетен производ. Треба да ги задоволите барањата на клиентот и тој да биде сигурен дека му испорачувате сигурен и квалитетен производ. За таа цел тука се тестерите да го истестираат софтверот и ако истиот резултира со неуспеси, девелоперите да го поправат. Навеременото пронаѓање на проблемите во софтверот заштедува време и пари.
Грешка, error, bug….. тоа е она што му го “загрозува” животот на софтверот. Вашата задача како софтвер тестер е да ги пронајдите грешките. На крајот софтверот да биде погоден за употреба и да ги задоволува потребите на клиентите.
План и програма:
Програмата е составена од теоретски и практичен дел. Студентите ќе работат на реални проекти каде ќе се соочат со предизивиците и проблемите кои се јавуваат во реален проект. Исто така ќе добијат корисни совети при аплицирање за работната позиција софтвер тестер.
Студентите ќе се запознаат со:
- Вовед во тестирање на софтвер;
- Процес на тестирање;
- Нивоа и видови на тестирање;
- Пишување на test case;
- Мануелно тестирање;
- Автоматско тестирање со користење на алатките Selenium & Robot Framework;
- Robotframework Library (Builtn, Selenium Library, Selenium Library2, DataBaseLibrary (Python));
- XML, JSON;
- UML;
- SonarQube;
- JUnit;
- Git/Bitbucket.
Наставата ќе биде реализирана во училница во мали групи.
Обуката трае 4 месеци, два пати неделно по 2 часа од 60 мин.
Цената е 32.000 денари и плаќањето може да биде на 4 месечни рати.
За целосна уплата, цената е со 20% попуст.
Почеток: 15 септември и 15ти ноември 2023 год. во училница во Битола и онлајн.
Инвестирајте во вашата кариера
Контактирајте нè