Јавен Адвертајзинг

Обука за деца по англиски јазик

Интерактивна обука по англиски јазик прилагодена за деца, која поттикнува љубов кон учењето и развива  јазични вештини.

  • Времетраење

    8 месеци

  • Часови

    2 пати неделно

  • Почеток

    Веднаш по упис

  • Одржување

    Битола или онлајн

  • Цена

    2500 денари месечно

Информации за обуката:

Со изучување на овај курс ќе стекнете знаење на англискиот јазик и неговото неизбежно влијание во секојденевието. Ќе ве подготвиме да зборувате флуентно, да го надоградиме вашиот вокабулар и да чекорите се подлабоко во водите на неговата примена во реалноста. Целта на курсот е децата да се ослободат и да осетат самодоверба да го применуваат јазикот. Како да се снаѓаат во секојдневните сценарија и да се вклучат во дискусии на теми наменети за нивна возраст.

Што се изучува:

  • Зборување и подобрување на вокабуларот и флуентноста
  • Граматика
  • Читање и пишување на текстови, состави, есеи
  • Слушање и разбирање
  • Правилно изразување

Предности:

Развој на комуникациски вештини
Академски напредок
Меѓународен напредок

Начин и динамика на наставa:

Наставата се реализира индивидуално или во мали групи од најмногу 2 ученици, со можност програмата и динамиката да се прилагодат според нивото на познавање на англискиот јазик и потребите на ученикот.

  • Мала група (до 2 ученици): 2 пати неделно по 60 минути
  • Индивидуална настава: 2 пати неделно по 45 минути

Индивидуалната настава се организира по барање, со прилагодена содржина и темпо на учење согласно предзнаењето и целите на ученикот.

Учесниците на Обука имаат ексклузивен пристап до заедницата на предавачи и учесници, каде што сите заедно ќе разменувате знаења и информации и секогаш ќе бидете во тек со новостите од областа што сте ги научиле

Scroll to Top