Јавен Адвертајзинг

Обуката Основи на вештачка интелигенција

“Обуката за најперспективните и највозбудливите области во ИТ индустријата без потреба од претходно знаење во програмирање”

  • Времетраење

    2 месеци

  • Часови

    18 часа (2 часа од 60 минути)

  • Почеток

    Уписи во тек

  • Одржување

    Битола или онлајн

  • Цена

    Вкупната цена на обуката е 20.000 денари, со две месечни рати од 10.000 денари или целосна уплата со 20% попуст, со што вкупниот надомест ќе се намали на 16.000 денари.

Информации за Обуката

Започнете ја вашата кариера во една од најперспективните и највозбудливите области во ИТ индустријата без потреба од претходно знаење во програмирање.

Нашата обука за вештачка интелигенција трае два месеци и нуди интерактивни часови два пати неделно по 60 минути. Во текот на обуката ќе се запознаете со најновите технологии и техники како машинско учење, K-Nearest Neighbors (k-NN), decision trees, и пролог. Ќе имате можност да работите со водечките AI платформи како Google Assistant, Microsoft Designer, Synthesia, ChatGPT, Grammarly, Zety, и Resume.io.

Обуката е дизајнирана да ве вклучи во реални проекти каде ќе можете да ги примените стекнатите знаења и да научите нови вештини. Нашиот пристап обезбедува да разберете како вештачката интелигенција се користи во секојдневниот живот и бизнис, овозможувајќи ви да ги решавате реалните проблеми со иновации и креативност.

Со помош на вештачката интелигенција која е веќе имплементирана во платформите кои ќе се изучуваат, крајниот производ ќе биде висококвалитетен и задоволителен за корисниците.Нашата обука ќе ве подготви да знаете како максимално да ја искористите вештачката интелигенција, што значи дека ќе можете да го обезбедите најдоброто решение за клиентите.

Започнете уште денес со користење на вештачка интелигенција, односно, бидете чекор напред со брзорастечкиот развој на IT. Преку обуката, ќе стекнете вештини за анализа, интерпретација и решавање на проблеми со помош на AI технологиите, што ви дава конкурентна предност на пазарот на трудот.

Придружете ни се и бидете дел од револуцијата во технологијата со нашата сеопфатна обука за вештачка интелигенција!

Технологии кои ќе се изучуваат:

Час 1:

  • Запознавање со AI
  • Историја на AI
  • Тековни трендови и иднина со AI
  • Дискусија: AI во секојдневниот живот

Час 2:

  • Типови на AI: Narrow vs General
  • Подтипови на AI: Машинско учење, NLP (Natural language processing), Компјутерска визија, Роботика
  • Етички размислувања
  • Q&A сесија

Час 3:

  • Запознавање со Машинско учење
  • Машинско учење под надзор и без надзор
  • Клучни концепти
  • Примери на апликации кои користат машинско улење

Час 4:

  • K-NN концепт и апликации
  • Како работи k-NN
  • Добри и лоши страни
  • Задачи

Час 5:

  • Decision trees концепт
  • Како работат: Splitting criteria
  • Добри и лоши страни
  • Задачи

Час 6:

  • Минимална патека концепт
  • Како работи
  • Добри и лоши страни
  • Задачи

Час 7:

  • Пролог концепт
  • Како работи
  • Добри и лоши страни
  • Задачи

Час 8:

  • AI во секојдневниот живот
  • Запознавање со платформи (AI асистенти)
  • Платформи: Google Assistant, Amazon Alexa, Microsoft Cortana
  • Отварање сметка на Google Assistant

Час 9:

  • Преглед на платформите: DeepArt, RunwayML, Artbreeder
  • Запознавање со платформата Microsoft Designer

Час 10:

  • Правење на слики, креативи за замислена или постоечка компанија по избор, користејќи AI во Microsoft Designer

Час 11:

  • Запознавање со AI видеа и креации
  • Платформи: Magisto, Lumen5, Synthesia

Час 12:

  • Правење на видеа во Synthesia

Час 13:

  • Запознавање со AI со процесирање на текст
  • Платформи: Grammarly, QullBot, ChatGPT

Час 14:

  • Користење на Grammarly и ChatGPT

Час 15:

  • Креирање на CV со помош на AI со платформите Zety, Resume.io, Canva

Час 16:

  • Презентирање на завршни проекти (слика, видео, CV)

Предности :

  • Кариерни предности
  • Подобрување на креативноста
  • Дополнителни приходи
  • Технологии кои ќе се изучуваат
  • Воведување на концептот вештачка интелигенција
  • Машинско учење
  • K-NN
  • Decision Trees
  • Минимална патека
  • Пролог
  • Google Assistant
  • Microsoft Designer
  • Synthesia
  • Grammarly
  • ChatGPT.io

Што друго се добива од оваа Обука?

Програмата е составена од теоретски и практичен дел. Студентите ќе работат на реални проекти каде ќе се соочат со предизивиците и проблемите кои се јавуваат во реален проект. Исто така ќе добијат сертификат за успешно завршена обука за вештачка интелигенција.

 

Учесниците на Академијата имаат ексклузивен пристап до заедницата на предавачи и учесници, каде што сите заедно ќе разменувате знаења и информации и секогаш ќе бидете во тек со новостите од областа што сте ги научиле

Scroll to Top