Доколку сакате да научите како да креирате и управувате ефективни рекламни кампањи на Google, брзо, лесно и едноставно, тогаш оваа обука е наменета токму за Вас. Оваа обука е за почетници и за сите оние кои досега не се запознаени со платформата Google Ads.
Google Ads е најпопуларната платформа за онлајн рекламирање која ви овозможува да стигнете до глобална публика преку различни рекламирања на Google пребарувачот, YouTube и други веб сајтови. Преку оваа обука, студентот ќе научи како да креира рекламни кампањи, да ги поставува целите, да таргетира одредени групи и да ги анализира резултатите за максимален успех.
Обуката вклучува Smart Mode за лесно креирање на кампањи со автоматизирани опции, како и Expert Mode, каде што студентите ќе имаат можност да работат со напредни опции за максимален контрола и персонализација на кампањите.