Академија за Full Stack Developer
Бидете дел од единствената Академија за програмирање преку која ќе ги научите најновите и најбараните технологии за програмирање на домашниот и светскиот пазар.
Оваа Академија нуди програма која опфаќа програмирање на дизајн и функционалност на сложени веб и софтверски апликации и тоа преку изработка на повеќе практични проекти кои студентот ги работи во текот на 4 месечната академија.
Технологиите што се изучуваат овозможуваат креирање на професионални, динамични и оригинални веб и софтверски апликации со сите потребни функционалности и поврзување со бази на податоци, нивно хостирање, одржување и работа со клиенти.
Преку технологиите кои се изучуваат во оваа Академија за Full Stack Developer, студентот ќе биде оспособен веднаш после завршувањето на истата да работи како софтверски инжењер и да биде конкурентен на пазарот на труд, во земјава и во странство.
За оваа Академија не е потребни предходни предзнаења, и истата е наменета за почетници кои планираат да работат како софтверски инжењери.
Воедно, оваа Академија е наменета и за сите оние кои сакаат да променат кариера и да работат во областа на ИТ индустријата, како и за сите оние кои се амбициозни и сакаат да вложат во својот професионален развој.
После завршувањето на Академијата, студентите ги препорачуваме на наши фирми соработници за вработување и пракса. Воедно, студентите добиваат обука и за работа како фриленсери од областа на програмирањето.
Академијата се состои од вкупно 136 часа и трае 4 месеци.
Часовите се одржуваат 4 пати неделно, вкупно неделно 10 часа.
Локација: Битола во училница и онлајн во Adobe Connect – софтвер за онлајн учење.
Почеток на обуката: 15ти февруари 2021 г.
Цената е 40.000 денари, плаќањето може да биде на 4 месечни рати по 10.000 денари.
Технологии кои ќе се изучуваат:
- HTML, CSS, SCSS
- Bootstrap
- Angular JS
- Java Script
- JQuery
- React
- My SQL, Stored Procedure
- PHP
- Објектно ориентирано програмирање
- Smarty PHP