Јавен Адвертајзинг

Обука за деца по германски јазик

“Конверзацијата на германски јазик отвора врати кон личен и професионален раст.”

  • Времетраење

    8 месеци

  • Часови

    2 пати неделно

  • Почеток

    Веднаш по упис

  • Одржување

    Битола или онлајн

  • Цена

    2500 денари месечно

Информации за обуката:

Влијанието на германскиот јазик и неговата примена секојдневно расте како на светско ниво така и кај нас. Се смета за светски признат интернационален јазик и потребата за негово изучување е фундаментална. Овај курс ви овозможува да стекнете способност за зборување и пишување на германски јазик за секојдневна употреба и снаоѓање во дадена ситуација од реалниот живот. Целта на курсот е да ве доближиме до јазикот и до бенефитите кои ги добивате со неговото изучување.

Што се изучува:

  • Зборување и подобрување на вокабуларот и флуентноста
  • Граматика
  • Читање и пишување на текстови, состави, есеи
  • Слушање и разбирање
  • Правилно изразување

Предности:

Развој на комуникациски вештини
Академски напредок
Меѓународен напредок

Начин и динамика на настава

Наставата се реализира индивидуално или во мали групи од најмногу 2 ученици, со можност програмата и динамиката да се прилагодат според нивото на познавање на германскиот јазик и потребите на ученикот.

  • Мала група (до 2 ученици): 2 пати неделно по 60 минути
  • Индивидуална настава: 2 пати неделно по 45 минути

Индивидуалната настава се организира по барање, со прилагодена содржина и темпо на учење согласно предзнаењето и целите на ученикот.

Учесниците на Обука имаат ексклузивен пристап до заедницата на предавачи и учесници, каде што сите заедно ќе разменувате знаења и информации и секогаш ќе бидете во тек со новостите од областа што сте ги научиле

Scroll to Top