Јавен Адвертајзинг

Scratch за деца од 6 до 8 години (Scratch)

Внесете го Вашето дете во светот на програмирањето!

 
  • Времетраење

    4 месеци

  • Часови

    2 пати неделно по 1 час

  • Почеток

    Февруари 2025 година

  • Одржување

    Битола или онлајн

  • Цена

    2000 денари месечно.За уплата во во готово за сите 4 месеци цената е со 20% попуст.

Информации за обуката за Mini Kids Coding од 6 до 8 години:

Mini Kids Coding – Scratch за деца од 6 до 8 години 

Учењето на програмски јазици од најрана возраст не е корисно само за идната подготовка за кариера, туку и за градење на силни логички и креативни вештини за размислување.

Технологии кои ќе се изучуваат:

 Scratch

Предности:

Вовед во програмирање
Решавање на проблеми
Подготовка за идни вештини

Што друго се добива од оваа Обука?

Scratch е визуелен програмски јазик. Лесниот интерфејс со принцип на влечење и пуштање на шарени блокови го прави еден од најинтуитивните програмски јазици за учење преку кој може да се креираат најразлични дигитални приказни, игри и анимации, без да пишуваат код. Примарната цел на овој програмски јазик е да ги научи најмладите да програмираат на забавен и лесно разбирлив начин.

Визуелниот и интерактивен процес на програмирање базирано на блок го прави учењето на компјутерското програмирање забавно и привлечно за децата.
Преку оваа обука децата ќе научат да решаваат проблеми, да дизајнираат проекти и креативно да се изразуваат на компјутер како и подобрување на други важни вештини како што се имагинацијата, креативноста и комуникацијата.

Учесниците на Обука имаат ексклузивен пристап до заедницата на предавачи и учесници, каде што сите заедно ќе разменувате знаења и информации и секогаш ќе бидете во тек со новостите од областа што сте ги научиле

Scroll to Top