Јавен Адвертајзинг

Airbnb + Booking: Од Профил до Резервација и Профит

Научи како да го претвориш твојот имот во извор на стабилен приход преку преку најпознатите платформи за краткорочно изнајмување.

  • Времетраење

    Пакет 1: 4 снимени сесии + една консултација со ментор во живо
    Пакет 2: 6 сесии во живо (Zoom), одржувани еднаш неделно

  • Часови

    Сите сесии се со времетраење од 90 минути, со јасна структура, практични упатства и активности.

  • Почеток

    15 октомври 2025 година

  • Одржување

    Онлајн преку Zoom
    Достапни видеа за повторување
    Можност за лично присуство во Битола (по договор)

  • Цена

    Пакет 1: 7.000 денари
    Пакет 2: 9.000 денари

Информации за Обуката за Airbnb + Booking

Оваа обука е специјално дизајнирана за сите кои сакаат да започнат или подобрат свој бизнис со изнајмување сместувачки капацитети преку Airbnb и Booking.com. Ќе научиш сè – од поставување и оптимизирање на профил, управување со календари и цени, до комуникација со гости и максимизирање на профитот. Преку практични примери и конкретни алатки, ќе го изградиш својот профитабилен систем за резервации.

Што ќе научиш?

Оваа обука опфаќа сè – од првичната поставка на профилот до менаџирање резервации, комуникација со гости и градење на бизнис од повеќе недвижнини. Ќе стекнеш конкретни вештини и стратегии за:
    • креирање профил и листинг
    • подобрување на понудата и поставување цени
    • безбедна и успешна комуникација со гости
    • користење на автоматизација и надворешни платформи
    • постигнување Superhost статус
    • проширување и профитабилно управување со повеќе објекти

За кого е наменета обуката?

  • Поединци кои сакаат да започнат со изнајмување на имот преку Airbnb
  • Сопственици на станови, куќи или викендички
  • Менаџери на сместувачки капацитети
  • Почетници без искуство во туризам и хостинг
  • Секој што сака да научи како да изгради пасивен приход

Пакет 1: 7.000 денари

4 снимени сесии + 1 индивидуална консултација

Сесија 1: Вовед во Airbnb и креирање профил (90 минути)

Цел: Да ги запознаеме учесниците со Airbnb, да отворат профил и да започнат со поставување на својот прв листинг.

Содржина:

1. Што е Airbnb?

  • Кратка историја и глобално значење
  • Зошто да станеш хост? Можности за приход и искуство

2. Како функционира Airbnb за хостови?

  • Основни термини (листи, гости, букирања, правила итн.)
  • Мобилна vs. десктоп верзија

3. Креирање профил (Live demo или видео туторијал)

  • Регистрација и верификација на профил
  • Основни подесувања: јазик, валута, безбедност

4. Започни со твојот прв листинг (дел 1)

  • Внес на основни информации (локација, тип на имот, капацитет, lay-out)
  • Што е листинг, а што календар

Активност: Учесниците започнуваат со креирање профил и внес на првични информации за нивниот имот.

Сесија 2: Уредување и оптимизација на понудата (90 минути)

Цел: Да се креира квалитетна и привлечна понуда што ќе се истакнува на платформата.

Содржина:

1. Фотографии – првиот впечаток

  • Колку фотографии се потребни?
  • Совети за фотографирање и светло
  • Најважни кадри: спална, бања, кујна, екстериер

2. Опис и наслов

  • Како да напишеш наслов што привлекува
  • Краток и долг опис – фокус на удобности и искуства

3. Дефинирање правила и услови

  • House Rules
  • Cancellation policy
  • Check-in / check-out правила

4. Календар и цени

  • Како да поставиш цени (fixed vs dynamic)
  • Airbnb Smart Pricing – дали да го користиш?
  • Минимум/максимум престој, достапност

Активност: Учесниците додаваат фотографии, пишуваат опис и поставуваат цена за својот листинг.

 

Сесија 3: Комуникација, резервации и секојдневен менаџмент (90 минути)

Цел: Да научат како да го менаџираат својот објект, комуникацијата со гости и подготовките за престојот.

Содржина:

1. Комуникација со гости

  • Како да одговориш на порака или барање
  • Автоматски пораки (pre-check-in info, благодарници, упатства)
  • Љубезност и професионалност

2. Менаџирање на резервации и гости

  • Потврда или одбивање резервација
  • Како да реагираш на непредвидени ситуации (откажување, проблеми)

3. Check-in и Check-out процес

  • Self-check-in vs личен пречек
  • Што да оставиш во имотот (упатства, Wi-Fi лозинка, мапа)

4. Одржување и подготовка на просторот

  • Чистење, инвентар, безбедносни елементи
  • Комуникација со cleaning services (ако има)

Активност: Учесниците креираат шаблони за пораки и план за check-in/check-out.

 

Сесија 4: Напредни опции, безбедност и градење на бизнис (90 минути)

Цел: Да се подготват за долгорочен успех, развој на профилот и решавање предизвици.

Содржина:

1. Рецензии и Superhost статус

  • Како функционира системот на оценки
  • Како да добиеш добри рецензии
  • Предности на Superhost

2. Безбедност и Airbnb осигурување

  • Airbnb Host Guarantee
  • Како да пријавиш штета
  • Што да направиш во итна ситуација

3. Автоматизација и алатки за хостови

  • Channel managers
  • Smart locks и автоматски пораки
  • Google Calendar и други интеграции

4. Стратегии за раст

  • Изнајмување повеќе имоти
  • Соработка со локални бизниси
  • Како да се истакнеш меѓу конкуренцијата

Активност: Учесниците прават план за развој на нивниот профил за следните 6 месеци.

 

БОНУС

Една консултација со ментор во живо

Пакет 1: 9.000 денари

6 онлајн сесии во живо + интеракција со ментор и група учесници

Содржи сè од основниот пакет, плус:
Сесија 5: Вовед во Booking.com и поставување на прв објект (90 минути)

Цел: Да ги запознаеме учесниците со платформата Booking.com и да ги водиме низ процесот на поставување на нивниот прв објект за издавање.

Содржина:

1. Што е Booking.com?

  • Разлики помеѓу Booking и Airbnb
  • Предности и слабости на платформата
  • Комисија, наплата, комуникација

2. Отворање профил и регистрација на објект

  • Креирање акаунт
  • Верификација и поставување информации

3. Основни поставки

  • Типови на објекти (апартман, куќа, соба и сл.)
  • Локација, капацитет, lay-out

4. Креирање на првата понуда (листинг)

  • Детали за сместување
  • Опции за плаќање, наплата и безбедност
  • Конекција со други платформи (ако е потребно)

Активност: Учесниците регистрираат свој објект на Booking.com и ги поставуваат основните информации.

Сесија 6: Управување со приходи, буџет и анализа на профит

Цел: Да се научи како да се пресмета и оптимизира приходот преку Booking, како да се постави буџет и да се следи рентабилноста на бизнисот.

  • Содржина:
  • Планирање и проекција на приходи
    • Сезонски цени и попусти
    • Како да пресметате реални приходи врз основа на просечна пополнетост
    • Вовед во Revenue Management
  • Поставување буџет и проценка на трошоци
    • Комисија од Booking.com и скриени трошоци
    • Одржување, чистење, админ. трошоци
    • Пресметка на профит маржа
  • Ценовни стратегии и динамично ценирање
    • Standard Rate vs. Non-refundable Rate
    • Genius програма – што добивате и што жртвувате
    • Auto Price Tool и кога (не) да го користите
  • Анализа на податоци и финансиско следење
    • Извештаи од платформата
    • KPI индикатори (ADR, RevPAR, Occupancy rate)
    • Прилагодување според анализата

Активност: Учесниците креираат симулација на финансиски план за 3 месеци, вклучувајќи проценка на приходи, трошоци и профитабилност според модел на нивен објект.

Предавач:

Чедомир Мерџаноски – Консултант за краткорочно изнајмување и естаблиран Superhost Професионалец со над 10 години практично искуство во секторот за краткорочен хостинг. Како основач и управител на сопствен бизнис за сместувачки капацитети, Чедомир успешно комбинира стратешко менаџирање, оптимизација на корисничко искуство и користење на дигитални алатки. Посветен на развој и едукација во областа на краткорочното изнајмување, со акцент на практична примена, профитабилност и одржлив раст на бизнисите во овој сектор.

Зошто да се вклучиш?

  • Заштеди време и избегни почетнички грешки
  • Стекни реални вештини и пристап до проверени алатки
  • Научи од ментори со над 10 годишно практично искуство во хостинг
  • Искористи го потенцијалот на имотот што го поседуваш
  • Постигни Superhost статус и поголема видливост

Бројот на учесници е ограничен.
Пријави се навреме и обезбеди си место на една од најбараните обуки во оваа област.
Контактирај нѐ на 078 391 978 или испрати ни е-пошта на contact@javen.mk

Scroll to Top