Јавен Адвертајзинг

Академија за Лидерство

БИДИ ЛИДЕР СО ИНТЕГРИТЕТ СЕГА И ОВДЕ

Јавен Адвертајзинг
и ВР Лаб

  • Јавен Адвертајзинг и ВР Лаб се организации во чиј фокус е задоволството на клиентите. Веруваме дека преку учењето и работата заедно развиваме и остваруваме одлични лични и професионални резултати. Проектите ги дизајнираме согласно утврдените потреби на клиентите, а процесите на трансформација ги следиме благодарение на нашата експертиза.  
  • Нашиот успех се темели на разбирањето дека иднината им припаѓа на храбрите, иновативните и претприемчивите. Тоа се оние кои сметаат дека е особено важно да го развиваат лидерството во нивните организации. Ние ги применуваме иновативните европски и светски практики од лидерството и менаџментот, стекнати низ години пракса и едукација, како во земјата така и во странство. 
  • Она што не дефинира и разликува од сругите е фактот дека нашата програма има елементи на Гешталтистичката психологија и НЛП принципите. 
  • Основни вредности кои Нас не детерминираат се: доверба, почитување, резултати, етичност, достапност и упорност. 

Ана Ристевска е доктор на науки од областа на маркетингот, успешна претприемачка и основач на Јавен Адвертајзинг едукативниот центар, како и на уште две ИТ компании.
Добитник е на престижната награда „40 под 40 Европа“, како и признанието „Најуспешна млада лидерка во Македонија“.
Со богато професионално искуство, Ана работи на бројни проекти со домашни и интернационални клиенти, активно придонесувајќи кон развојот на бизнис заедницата.
Позната е како мотиватор и инспирација за младите луѓе, охрабрувајќи ги да зачекорат во светот на претприемништвото.
Дополнително, таа е претседател на Советот за женско претприемништво во Битола,
каде што посветено работи на зајакнување на претприемничката клима меѓу жените и
младите во Пелагонискиот регион.


 

ПРОФ. Д-Р МОНИКА МАРКОВСКА е доктор по менаџмент, Гешталт едукант и сертифициран НЛП практичар. Академската кариера ја започнува во 2007 година, каде и ден денес работи како редовен професор на Факултет за информатички и комуникациски технологии- Битола. Проф. Марковска е основач на Здружението за социјални иновации ВР ЛАБ Битола. Потпретседател е на Советот за женско претприемништво на општина Битола. Активна е во подготовка и реализација на различни локални, национални и европски проекти како и автор е на бројни домашни и странски научни и стручни трудови. Исто така е автор и ко-автор на повеќе книги од областа на менаџментот и претприемништвото. На континуирана основа реализира обуки од областа на организациското однесување, менаџментот и претприемништвото и тим билндиг активности.

Животот ќе ве разочара за да престанете да живеете во илузии и да ја видите реалноста. 
Животот уништува сé што е бескорисно и останува само важното.
Животот нема да ве остави на мира додека не престанете да се обвинувате себе си и прифатите сé онака како што „Е“.
Животот ќе ви го земе она што го имате додека не престаните да се жалите и не почнете да бидете благодарни. 
Животот ќе ви испраќа конфликтни луѓе да ве излечат, па затоа престанете да гледате надвор и почнете да размислувате кој сте одвнатре. 
Животот ќе ви дозволи да паѓате и повторно и повторно, додека не одлучите да учите.
Животот ќе те залута и ти претставува раскрсница додека не престанеш да сакаш да контролираш сé и да течеш како река.
Животот ви става непријатели на патот додека не престанете да „реагирате“. 
Животот ве плаши и ќе ве плаши онолку време пати колку што е потребно додека не го изгубите стравот и не ја вратите вербата.

Д-р Берт Хелингер

Според новите разбирања на лидерството, акцентот е ставен на однесувањето, акциите и практичните активности на лидерот. Суштината на водењето е да се придобијат вработените кон остварување на една идеја и успешно да се насочи нивната кртеативна енергија, знаењето и способностите во правец на реализација на таа идеја. Носители на лидерството денес, се луѓетo. Односите помеѓу луѓето треба да се засноваат на взаемна доверба. Лидерството претставува способност или вештина што може да се научи, вежба и усовршува. Лидерството значи да бидеш она што си, а не да се правиш дека тоа си. Не постои модел за успешен лидер. Лидерите имаат сила, личност и карактер, но тие се разликуваат еден од друг. Многу важен аспект на лидерството е познавањето себеси. 

Секој од нас има внатрешен потенцијал за лидерство. Без разлика на тоа дали е некој на позиција на моќ или во секојдневниот живот, Вашиот глас и пример, може да создадат позитивна промена. Лидерството не е само позиција на моќ, тоа е одговорност на поединецот. Не се состои само во менаџирање на другите, туку во инспирирање на другите. Вашите постапки, однесување, страст и посветеност може да им бидат пример на другите. Секој голем лидер започнува со идеја и визија. Тоа што ги прави поинакви е вербата во својата визија и способноста да влијаат  на другите. Важно е да се надмине стравот од неуспех, затоа што секој неуспех е само чекор поблиску до успехот. Лидерството е патување а не дестинација. Затоа верувајте во себе и не заборавајте дека секој нов ден е можност да направите разлика. Ваша задача е да ги инсипирирате другите да сонуваат, да се трудат повеќе за да остават свој лидерски печат. Секој од нас може да биде лидер на свој  начин!

  • Програмата за лидерство е препознатлива и оригинална поради нејзиниот пристап. Имено, програмата нуди проникливост кон основните лидерски и менаџерски карактеристики кои е важно да се развиваат на континуирана основа како однесување, за да може понатаму менаџерите/лидерите ефикасно и ефективно да ги изведуваат нивните основни функции и улоги со индивидуална одличност. 
  • Програмата ги зема во предвид размислувањата на Jurgen Appelo, гуру за лидерство, опишани во неговиот бестселер Менаџмент 3.0. 
  • Оваа програма покрива и теоретски и практични аспекти на менаџментот и лидерството со силен фокус на алатките кои понатаму може да се практикуваат.
  •  Проникнувајќи во трансформативното искуство, ќе се истражуваат 3 клучни аспекти на организациите кои преку практични вежби и алатки ќе може да се развива сопствениот лидерски потенцијал.
  •  Почнувајќи од градењето на лична ефикасност, па функционалност во тимовите, подобрување на организациското работење, оваа програма ги опфаќа сите аспекти на лидерството. 

Со фокус на бројните вештини на менаџерите и лидерите ќе откриете многу тајни како да станете подобар менаџер, лидер, вработен. Со вашето придружување на ова значајно патување на лидерството ќе поставите солидни основи за ваш личен и професионален развој. 

  • Се разберете себе си и другите; 
  • Развиете емоционална интелигенција и научите како влијае на лидерството; 
  • Научите активно да ги слушате другите, ги разберете нивните перспективи и јасно комуницирате со другите за своите идеи; 
  • Се прилагодувате на промените;
  • Промените се дел од животот. Но, многу често на индивидуално и на организациско ниво се соочуваме со бројни предизвици. Лидерите имаат одговорност да создадат услови за раст и развој не само на вработените, туку и на организациите. Целта е да ги инспирираат луѓето да креираат долготрајна промена и трансформација за да создадат чувство на припадност што ќе моделира уникатен личен и/или организациски идентитет. 

    Основната заложба на секој човек е да биде успешен во животот и работата. Луѓето треба да го искористат тоа за да ја подобрат својата позиција во средината во која делуваат. Човекот претставува фактор на секој успех, а степенот на социјализација, изразен преку: нивото на љубезност, посветеноста и прифаќањето, се тајната на нивниот успех. 

Програмата е структуирана во три модули и тоа:

МОДУЛ 1: ГРАДЕЊЕ НА ИНДИВИДУАЛНА (ЛИЧНА) РЕЗИЛИЕНТНОСТ И ЕФИКАСНОСТ

Овој модул е заснован на размислувањето дека секој има право да биде различен и оригинален („Правото да се биде различен“)

Основни модуларни единици кои ќе се разработуваат во овој модул се: 

  • Основни димензии на човековата активност; 
  • Како да се живее „Овде и сега“? 
  • ЈАС- концептот и свесност; 
  • Его менаџмент; 
  • Креирање на лична визија, цели, вредности и верувања; 
  • Функционално и конгруентно лидерство; 
  • Емоционална интелигенција;

 

МОДУЛ 2: ТИМСКА ДИНАМИКА: МОЌТА НА КОЛАБОРАЦИЈАТА

Овој модул е заснован на размислувањето дека тимовите претставуваат синергија во акција.

Основни модуларни единици кои ќе се разработуваат во овој модул се: 

  • Успешност на тимовите; 
  • Конфликтни ситуации и однесување; 
  • Формирање и развој на тимовите; 
  • Карактеристики на тимовите; 
  • Улоги во тимовите; 
  • Групна поларизација и заслепеност;

 

МОДУЛ 3: ОРГАНИЗАЦИСКА ТРАНСФОРМАЦИЈА: ВОДЕЊЕ ДО УСПЕХ

Овој модул е заснован на размислувањето дека иднината им припаѓа на храбрите, иновативните и претприемчивите.  

Основни модуларни единици кои ќе се разработуваат во овој модул се: 

  • Хуманократија; 
  • Основи на комуникацијата и модели на комуникација; 
  • Микроменаџмент; 
  • Менаџмент на време; 
  • Менаџмент на промени; 
  • Стилови на лидерство и лидерство засновано на вредности;

 

Не заборавајте дека најзначајните промени започнуваат од една личност- а таа личност можете да бидете Вие!

Секој од Вас е потенцијален лидер. Искористете ги знаењата и можностите што ги нуди оваа програма за да направите разлика во вашиот живот, работно место, организација. Запомнете дека лидерството не е само позиција, туку голема одговорност, орговорност да создадете подобар свет за сите нас.
Ваша задача е да продолжите по знаење и развој, а вашата страст и посветеност нека бидат ваши водилки.
Секој од вас има моќ да инспирира, да влијае и да открива нови патишта. Вашите зборови и дела, нека говорат гласно, продолжете да бидете светло за другите.
По завршувањето на оваа обука, Вашето лидерство продолжува. Верувајте во себе и во Вашите способности да создадете промени.
Scroll to Top