-
Времетраење
6 недели
-
Часови
4 часа неделно (вкупно 24 часа)
-
Почеток
15 октомври 2025 година
-
Одржување
Онлајн на Zoom, интерактивни предавања и практични вежби
-
Цена
21.000 денари, со 10% попуст за пријава на два и повеќе учесници од иста организација.
Информации за Обука за јавни набавки
Дали си почетник во областа на јавните набавки и сакаш да стекнеш солидна основа за професионално работење? Оваа обука е дизајнирана специјално за лица без претходно искуство кои сакаат да ги разберат сите клучни аспекти на јавните набавки, од основните поими до практичните постапки.
Преку 24 часа интерактивни предавања и вежби распоредени на шест недели, ќе се запознаеш со сите важни теми кои ти се потребни за да започнеш самоуверено и компетентно да работиш во областа на јавните набавки. Од планирањето и подготовката на документацијата, преку критериуми за избор и правилно спроведување на постапките, до заклучување договори и постапување со правната заштита – обуката нуди сеопфатен и јасен преглед со практична примена.
Со помош на реални примери и конкретни вежби, ќе научиш како да ги применуваш законските норми и ќе стекнеш вештини кои ќе ти овозможат успешно да управуваш со целиот процес на јавна набавка.
Што ќе научиш?
- Што значат јавните набавки и кои се главните учесници во процесот
- Како да изработиш и спроведеш годишен план за јавни набавки
- Како да ги подготвиш техничката спецификација и тендерската документација
- Критериуми за утврдување на способност на учесниците и избор на најповолна понуда
- Како правилно да спроведеш постапка и да подготвиш потребна документација
- Основи за склучување договори, рамковни спогодби и нивна измена
- Начини за правна заштита и постапување со жалби
- Практична примена преку студија на случај
За кого е наменета обуката?
- Лица кои сакаат да влезат во светот на јавните набавки без претходно искуство
- Вработени во јавни институции кои сакаат да ги разрешат своите дилеми
- Администратори и стручни лица вклучени во процесот на набавки
- Сите кои сакаат да стекнат практични знаења за спроведување јавни набавки согласно закон
- Фриленсери и консултанти кои сакаат да им понудат услуги во оваа област
Структура на програмата
1. Поим за јавни набавки
2. Начела на јавните набавки
3. Клучни актери:
- Договорни органи
- Економски оператори
- Државна комисија за жалби
- Биро за јавни набавки
4. Видови на постапки
5. Преглед на Законот за јавни набавки
- Структура
- Клучни членови
Активности:
- Анализа на примери од пракса (кратки сценарија)
Содржина:
1. Планирање на годишниот план за јавни набавки
2. Проценка на вредноста на набавката, детално за видовите постапки по јавни набавки, вредносни прагови, одлука за јавна набавка
3. Подготовка на техничка спецификација и тендерска документација
Активности:
- Вежба: Изработка на пример годишен план
- Вежба: Подготовка на тендерска документација – практичен пример
Содржина:
1. Причини за исклучување на постапката
2. Способност за вршење професионална дејност
3. Техничка и професионална способност
4. Економска способност
5. Докажување на способност
Активности:
- Вежба: практичен пример
Содржина:
1. Критериум цена
2. Критериум квалитет
Активности:
- Вежба: практичен пример
Содржина:
1. Поднесување на понуди и нивно отварање
2. Евалуација на понуди
3. Подготовка на записник, извештај, одлука за избор на најповолен и известие
4. Поништување на постапка
Активности:
- Вежба: практичен пример
Содржина:
1. Склучување на договор и рамковна, подизведување
2. Извршување на договорот и рамковната спогодба, нивни измени и раскинување
Активности:
- Вежба: практичен пример
Содржина:
1. Надлечност на државна комисија по жалби
2. Изјавување на жалба и битни повреди на законот
3. Постапување на Договорен орган по доставена жалба
4. Креирање на одговор на жалба
Активности:
- Вежба: практичен пример
Практична примена на постапка
Предавач:
Христиана Голубовиќ – дипломиран економист на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и магистер за меѓународен менаџмент по јавни набавки на Универзитетот “Тор Вергата” во Рим. Сертифицирано лице за јавни набавки со работно искуство од 17 години во областа на јавните набавки во државен орган и консултант во приватен сектор.
Зошто да се пријавиш?
- Ќе стекнеш практично знаење за целиот процес на јавни набавки од почеток до крај.
- Ќе научиш како да подготвиш точна и усогласена тендерска документација.
- Ќе добиеш вештини за ефективно планирање и проценка на вредноста на набавките.
- Ќе се запознаеш со клучните правила и критериуми за избор на најповолна понуда.
- Ќе знаеш како да постапуваш при решавање на жалби и правна заштита.
- Ќе добиеш увереност и сигурност за успешно спроведување на јавни набавки согласно закон.
- Ќе имаш можност да работиш на реални практични примери и студии на случај.
Бројот на учесници е ограничен.
Пријави се навреме и обезбеди си место на една од најбараните обуки во оваа област.
Контактирај нѐ на 078 391 978 или испрати ни е-пошта на contact@javen.mk