Јавен Адвертајзинг

Обуки по германски јазик

Започнете со изучување на германскиот јазик на начин кој одговара на вашите цели, темпо и ниво на познавање. Без разлика дали ви треба брза напредна обука, подобрување на конверзацијата или подготовка за конкретна цел, нашите програми се внимателно креирани за да одговорат на вашите потреби.

1. Интензивен курс по германски јазик

Индивидуална обука за брзо совладување на јазикот со флексибилен распоред

Овој интензивен курс е идеално решение за сите кои сакаат да започнат или значително да го унапредат своето знаење по германски јазик за краток временски период. Наставата се изведува индивидуално – еден на еден – што овозможува целосно прилагодување на наставниот процес кон вашите потреби, ниво и цели. Без разлика дали подготвувате апликација за работа, планирате патување, или едноставно сакате да се чувствувате сигурно при комуникација, оваа обука нуди флексибилност, професионален пристап и брз напредок.

  • Времетраење

    Месечни програми

  • Часови

    2 пати неделно по еден час

  • Почеток

    Веднаш по упис

  • Одржување

    Битола или онлајн

  • Цена

    5.000 денари месечно

      Што се изучува:

    • Граматика
    • Вокабулар
    • Изговор
    • Слушање и зборување
    • Читање и пишување
    •  

Предности од курсот:

  • Флексибилност во термини
  • Индивидуален пристап со прилагодена програма
  • Брзо напредување и интензивна јазична пракса
  • Поддршка од ментор и дополнителни вежби
  • Сертификат за завршена обука

2. Германски јазик за конверзација

Развивање на самодоверба и јазична флуентност преку практичен пристап

Курсот по германски за конверзација е креиран за сите кои сакаат да започнат да зборуваат, разбираат и комуницираат на германски без трема и несигурност. Оваа програма се фокусира на говорната пракса преку интерактивни вежби, симулации од реалниот живот и теми што се директно применливи во секојдневието – од патување и социјални ситуации, до деловна комуникација. Учиме преку разговор – практично, природно и охрабрувачки. Мали групи овозможуваат лична интеракција и внимателен пристап, а курсот се одвива во мотивирачка и динамична средина каде што секој учесник добива шанса да зборува, да слуша и да размислува на германски. Целта е да се развие сигурност, јазична спонтаност и комуникациски капацитет што ќе се користи со леснотија.

  • Времетраење

    3 месеци

  • Часови

    2 пати неделно по 60 минути

  • Почеток

    Веднаш по упис

  • Одржување

    Битола или онлајн

  • Цена

    Цена: 15.000 денари / 3 месеци
    Попуст: 10% за целосна уплата (13.500 денари)
    Можност за плаќање на 3 рати

      Што се изучува:

    • Тематски разговори
    • Практичен вокабулар
    • Вежби за изговор и разбирање
    • Симулирани сценарија (пазарење, патување, работа…)
    • Практична комуникација во парови и групи

Предности од курсот:

  • Флексибилност во термини
  • Значително подобрување на говорната сигурност
  • Слободно изразување и збогатување на речникот
  • Мали групи за поголема интеракција
  • Пристап до дополнителни материјали
  • Сертификат за завршена обука

3. Подготвителен курс за TELC / Goethe испити, работа или студии во Германија (A1–C1)

Целосна подготовка за испити, работа или студии во Германија

Оваа обука е наменета за оние кои имаат конкретна цел – полагање на официјален јазичен испит (A1–C1), подготвка за интервју или апликација за престој во Германија. Индивидуалниот пристап овозможува прилагодување на наставата кон видот на испитот, личните слабости и временската рамка во која се подготвувате. Работиме на практични примери, испитни симулации, слушање и читање со разбирање, пишување и говорно изразување со јасни насоки за подобрување. Овој курс не само што ќе ве подготви технички, туку и ќе ви даде сигурност и структура во начинот на комуникација. Дополнително, добивате постојана менторска поддршка, ресурси и повратни информации за вашиот напредок.

  • Времетраење

    Месечни програми

  • Часови

    2 пати неделно по еден час.

  • Почеток

    Веднаш по упис

  • Одржување

    Битола или онлајн

  • Цена

    5.000 денари месечно

      Што се изучува:

    • Подготовка за  јазични испити (A1–C1)
    • Читање со разбирање
    • Пишување писма, формулари и текстови
    • Слушање и разбирање
    • Говор и формално изразување
    • Испитни симулации и вежби

Предности од курсот:

  • Флексибилност во термини
  • Целосна подготовка за полагање испити
  • Пробни тестови и проверка на напредок
  • Индивидуален фокус и консултации
  • Стратегии за подобра комуникација
  • Сертификат за завршена обука

Зошто да изберете една од нашите обуки по германски јазик?

Унапредете го вашиот германски јазик преку практична настава и индивидуален пристап прилагоден на вашите цели. Без разлика дали учите за подобра комуникација, испит или работа, секој курс овозможува развој на говорни, граматички и писмени вештини во реални ситуации.
Обуките се одвиваат во мала група или индивидуално, со флексибилна програма според вашето ниво и потреби.
По завршување на обуката, добивате сертификат со наведено ниво на стекнато јазично знаење.

Учесниците на Обука имаат пристап до заедницата на предавачи и учесници, каде што сите заедно ќе разменувате знаења и информации и секогаш ќе бидете во тек со новостите од областа што сте ги научиле

Scroll to Top